Природен лек за борба против целулит
Иако на пазарот постојат безброј производи за борба со целулитот , според дерматолозите, има еден природен лек кој е поефикасен од сè што може да се купи. Станува збор за мешавина од две состојки кои сите ги имаме во нашиот дом – сода бикарбона и мед!
Подготовка и употреба:
Измешајте една лажица сода бикарбона со една лажица мед, додадете малку вода и ставете на оган. Откако ќе зоврие, варете ја смесата 2 до 3 минути, па оставете ја за кратко да се олади (не целосно) и додека е уште топла, масирајте го со неа оној дел од телото каде што имате целулит. Масирајте околу 3 минути, а потоа измијте со топла вода. Во проблематичните делови нанесете чист мед, така масирајте уште 4 до 7 минути.
Според експертите, како и жените кои веќе се обиделе со овој рецепт, ова е најдобар начин да се ослободите од целулитот. Масажата со мед ќе ја подобри циркулацијата, ќе се намали целулитот, без да внесувате хемикалии и токсини во телото.
Совет: Не треба да претерувате со употребата на оваа смеса, особено со силното притискање за време на масажата, бидејќи можете да си испукате капилари.