Волонтери го расчистутваат „Езерото од пластика“ во Боливија
Локални волонтери работат на чистење на езерото Уру Уру во Боливија, често нарекувано „пластичното езеро“.
За езерото се вели дека е повеќе пластика отколку вода, исполнето е со одпадоци како што се шишиња, контејнери, детски играчки и автомобилски гуми.
Езерото се наоѓа во одделот Оруро во западна Боливија, каде што владее голема суша уште од 2016 година. Ова значително го намали нивото на водата во езерото, а реките што се влеваат во него секојдневно депонират големи количини пластичен отпад.
На 8 Април, стотици волонтери се собраа со цел да расчистуваат отпад од површината на езерото, чиишто води се загадени и од локалната индустрија и рударството.
28-годишната волонтерка Магали Хуарачи изјави:
„Во овој момент се наоѓаме во депонија која самите ја создадовме бидејќи сме најголемите уништувачи на светот“.
Францускиот инфлуенсер Алекс Десард, наводно, беше меѓу оние кои помагаа со чистењето. Тој изјави:
„Срамота е што толку многу ѓубре се акомулирало овде со години, можеби цела деценија, време е да размислуваме за иднината. Ајде да го исчистиме ова ѓубре и да не дозволиме вакво нешто да се повтори“.
Лимберт Санчез, од Центарот за екологија и домородни народи (ЦЕПА), изјави дека нивото на водата на Уру Уру е намалено на приближно 25 до 30% од целиот нејзин капацитет, а загадувањето има значително негативно влијание.