Во некои земји, 20% од децата се раѓаат дома, иако мнозинството лекари веруваат дека болниците и центрите за раѓање се најбезбедните места за породување на бебиња. Некои жени избираат да родат дома затоа што е поевтино или затоа што сакаат повеќе удобност, студиите исто така докажаа дека овој вид пораѓај има свои придобивки.

Што значи раѓање дома?

Ако одберете да имате домашно породување, тоа значи дека треба ги имате направено сите процедури за пораѓање во вашиот дом со помош на бабица, медицинска сестра или лекар-акушер. Треба претходно да се консултирате со докторот што ја следи вашата бременост затоа што треба да се земат предвид некои критериуми, бидејќи не сите жени се во можност да имаат ваков тип на пораѓај.

Со зголемувањето на бројот на домашни раѓања, истражувачи од целиот свет се заинтересирале за ова прашање и откриле некои изненадувачки придобивки од овој метод на породување.

1. Може да имате поголема контрола.

Во болницата, жените се предмет на интервенции од страна на на медицински сестри, доктори и други вработени во болницата  кои постојано се вртат околу нив. Но, кога е дома, жената може да има целосна контрола врз ситуацијата. Всушност, таа може да избере кои луѓе ќе бидат присутни, а тоа може да помогне при процесот на пораѓај.

2. Вашето семејство може да биде со вас.

Бидејќи можете да имате поголема контрола, вообичаено е вашето блиско семејство да биде покрај вас. Некои болници го ограничуваат бројот на луѓе што можат да бидат внатре во собата.

3. Може да биде поевтино.

Во некои земји породувањето може да биде скапо искуство. Заради тоа жените избираат да се породат дома како начин да заштедат некој денар. Разликите во трошоците може да достигнат до илјадници долари, а овие пари може да се заштедат за да помогнат со идните трошоци за бебето.

4. Можете да го направите тоа без лекови.

Некои жени сакаат природен пораѓај без лекови или царски рез, а во болница условите се малку поинакви. Затоа некои жени се одлучуваат за природно породување во домашни услови.

5. Може да биде поудобно.

Дома можете да изберете да се породите каде сакате. Жените можат да го сторат тоа во када, на подот, опкружени со перници, па дури и во сопствениот кревет. Ако се чуствувате удобно тоа може да помогне породувањето да се случи поприродно и полесно.