Корисничка на ТикТок се разведе од сопругот по неговиот „смешен“ одговор на прашањето на сопругата во врска со фотографија во ноќен клуб.

Тајлар Пејџ од Детроит, САД,  забележала фотографија на Фејсбук на која нејзиниот сопруг позирал во клубот „со еден куп девојки“ без неговата бурма.

Кога Тајлар го прашала нејзиниот поранешен сопруг за тоа каде му е прстенот, тој одговори со „најсмешната лага“ што би можеле да ја чуете.

@tylarpaigeI’d love for this sound to go viral because he will know he’s the only idiot that would tell such a whopper!!! #fyp #liar #cheater #exhusband

♬ They photoshopped his wedding ring off – Ty Paige

Во видеото Тајлар објаснува како видела фотографија од нејзиниот спруг и „еден куп“ девојќи во ноќен клуб, по „детална анализа“ таа забележала дека нејзиниот сопруг не носи бурма.

Во обид да објасни каде исчезнал неговиот венчален прстен, неименуваниот поранешен сопруг на Тајлар се обидел да ја убеди дека „му го избришале прстенот со Фотошоп“.

Потсетувајќи се на овој имагинативен изговор, Тајлар „слатко се изнасмеа“, а потоа додаде: „ сега сме разведени“.

Видеото е прегледано повеќе од 300 000 пати, а корисниците на социлајните мрежи ја поддржаа Тајлар во нејзината одлука за развод и го пофалија нејиното „соколово око“.