Што открива насмевката за вашите емоции
Вашата насмевка може да покаже што навистина мислите. Но од друга страна, можете да ги прочитате умовите на другите луѓе ако знаете да ги толкувате изразите на нивните лица.
Постојат 3 главни видови на насмевки.
Истражувачите ги делат насмевките според комбинации на мускули:
Насмевка за награда. Тоа е симетрично подигање на зигоматичните мускули, Веѓите се подигнати, а устата развлечена.
Насмевка за сочуствување. Укажува на толеранција, признание или врска. Исто така е симетрична, но устата се шири странично и станува потенка.
Насмевка за доминација. Означува статус и не е симетричена, веѓите и образите се подигнати.
Покрај ова, истражувачите дефинираат поспецифични типови насмеви кои можат да покажат различни емоции.
1. Флертувачка насмевка
Ова е многу позната насмевка што сме ја виделе многу пати на сликата на Леонардо да Винчи – Мона Лиза. Тоа е една од оние мистериозни и засрамени насмевки што ги користите пред да погледнете настрана. Овој чин трае само за момент.
Следниот пат, кога ќе забележите дека вашиот соговорник го има овој израз ќе знаете дека флертува со вас.
2. Сочуствителна насмевка
Сочуствителната насмевка е лесна за препознавање. Мускулите рефлектираат вистински, неконтролирани, позитивни емоции. Не се вклучени други мускули на лицето, освен кружните мускули околу очите. Сочувствуваната насмевка може да трае долго и да биде интензивна.
3. Насмевка со презир
Насмевката со презир не е позитивен израз. Таа укажува на гадење или незадоволство. Аглите на усните се затегнати и често едната страна од усните е повисока од другата.
4. „Кисела“ насмевка
„Киселата“ насмевка е обид да се контролира среќната насмевка. Тоа се случува кога треба да бидеме љубезни и не треба да се смееме, но има нешто што е многу смешно. Образите се подигнати, но аглите на усните се спуштени.
5. Лажна насмевка
Лажната насмевка лесно се забележува. Мускулите околу очите не се вклучени и не се гледаат брчки. Луѓето често мислат дека нивните очи се „насмеани“ кога се обидуваат да се преправаат, но истражувачите покажаа дека тоа е само илузија.
6. Насмевка од страв
Насмевката од страв е прикажана со покажување на заби. Можеби изгледа како да се смеете, но всушност сте нервозни. Забите се цврсто стегнати и очите се ококорени.