3 сигурни начини со кои ќе се ослободите од инсектите во вашиот дом
Да се ослободите од инсектите со помош на отров е многу лесно, но тоа е многу опасно, особено ако имате деца и миленичиња. Со нашите совети ќе се ослободите од несаканите гости еднаш засекогаш, на најсигурен начин.
Како да се ослободите од лебарки?
Се што ви е потребно е кромид и сода бикарбона.
Исечете го кромидот на мали парчиња. Потоа измешајте го со сода бикарбона.
Ставете од смесата на местата каде што има лебарки.
Повторете ако е потребно.
Како да се ослободите од мравки?
Ставете пченкарно брашно на местото од каде што излегуваат мравките. Резултатите од овој метод ќе ги видите во рок од неколку недели.
Како да се ослободите од комарците?
Потребни ви се етерични масла од лаванда, нане и еукалиптус.
Нанесете од етеричните масла врз чисто сунѓерче.
Ставете го сунѓерчето во тегла и затворете. Оставете да стои 24 часа.
Потоа отворете го капакот за да се шири миризбата во собата.