Пијте сурутка секој ден и ќе имате долг и квалитетен живот!
Многу од луѓето не ја сакаат, но кога ќе дознаете колку е здрава, ќе ја пиете секој ден. Сурутката се користи со векови како народен лек и може да ви помогне да се ослободите од разни болести.
Состав и својствата на сурутката
Сурутката е погодна за сите возрасти. Нејзиниот состав е сличен на мајчино млеко, па може да се користи и како замена на млеко кај доенчиња.
Оваа течност содржи помалку од 1% протеини и повеќе од 93% вода. Содржи калиум, натриум, магнезиум, фосфор, железо, цинк, бакар, кобалт, манган, молибден, како и различни ензими и аминокиселини. 100 гр. сурутка содржи само 26 калории, па се препорачува на луѓе кои се грижат за својата линија.
Најздравиот пијалак за чистење на црниот дроб
Чистиот црн дроб е клучот за добро здравје, а сурутката е моќна алатка за отстранување на токсините. Таа помага за лекување на цироза и овозможува подолг и квалитетен живот.
Сурутка се користи против хроничен замор, стрес, дебелина, висок крвен притисок, намален имунолошки систем, проблеми со стомакот, кандида, итн
Бидејќи е моќен антиоксиданс, сурутката помага при проблеми со тироидната жлезда , со перзистентно воспаление и Паркинсонова болест.
Спортистите често ја користат за подобра издржливост, а дамите за да ослабат. Таа е полна со електролити, го хидрира организмот и обезбедува енергија.
Се користи за нега на кожата и косата, при подготовката на колачи, слатки, пијалаци и слично.