5 причини зошто работењето од кревет ќе ни предизвика повеќе штета отколку корист
На искушението да се работи во пријатна средина – особено кревет со меки перници и меки чаршафи – не може секој да одолее. Некои исто така би рекле дека работата од нивниот кревет помага да се намали вознемиреноста и поттикнува креативност. Но работењето од вашето место за дремка може да донесе повеќе штета на вашето физичко и психолошко здравје отколку корист.
1. Го менувате биоритамот.
Нашиот мозок го поврзува креветот со концептот за одмор и релаксација. Експертот за спиење и вонреден професор по неврологија Рејчел Салас вели дека кога работите таму каде што спиете, вашиот ум почнува да го поврзува тој простор со активности наместо со одмор. Конфузијата може да ве исфрли од редовната шема на спиење и да предизвика несоница или нарушување на биоритамот.
Користењето електронски уреди во креветот исто така може да предизвика здравствени проблеми. Кога се изложуваме на светлината од овие уреди тоа придонесува до помалку лачење на мелатонин, познат како хормон за спиење кој влијае на нашиот биоритам. А лишувањето од сон може да предизвика разни болести и срцеви проблеми.
2. Влијае на вашата продуктивност.
Ако сметате дека е стресно да ја носите работата дома, замислете да ја донесете во спалната соба. Едно истражување откри дека 72% од американските испитаници признале дека работат од кревет, а овие луѓе почесто доживувале проблеми со спиењето поради вознемиреност и стрес.
Лошиот квалитет на спиењето може да доведе до пониски нивоа на енергија и намалување на продуктивноста на работата.
3. Го уништува вашето држење на телото.
Душекот и меката површина се причина за неправилно држење на нашето тело. Со текот на времето ова искривување на телото ќе предизвика болки во вратот, грбот и колковите.
4. Креветот е рај за бактерии.
Кога вашата кожа ќе дојде во допир со чаршафите, триењето предизвикува „лупење“ на надворешниот слој на клетките на кожата. Според дерматологот Алок Виј, д-р, ова служат како идеално место за бактерии. Долга интеракција со овие организми може да предизвика алергии, астма или кожни болести.
Истражување на примероци од бактерии од душеци открива дека креветот е всушност повалкан од бањата.
5. Може да влијае на врската со вашиот партнер.
Студија открива дека прекумерно користење на телефонот додека сте со вашиот партнер може негативно да влијае на вашата врска. Истата логика важи и за другите електронски гаџети што се користат за работа.
Нашите умови го поврзуваат креветот со место што треба да се сподели со нашиот партнер. Работата од кревет додека вашиот партнер е со вас може да предизвика тој да се чувствува запоставен.
Еве неколку совети кои ќе помогнат да се избегнат или минимизираат штетните ефекти од работењето од кревет:
- Следете рутина пред спиење.
- Направете работен простор надвор од спалната соба. Бидете креативни.
- Отстранете ги гаџетите и работните материјали од спалната соба.
- Престанете да работите барем еден час пред да одите во кревет.
- Тивка, темна, ладна и добро проветрена просторија ќе помогне да се подобри квалитетот на вашиот сон.