Целер – помошник на здравјето
Целерот во споредба со јаболкото и спанаќот не изгледа многу важен, но вистината е дека Целерот е богат со витамини, калциум, магнезиум и калиум, и навистина е корисен за нашето здравје.
Добар е за очите
Еден целер дава 5 проценти од дневната доза на витамин А, кој ги штити очите и видот.
Го намалува “лошиот холестерол”
Благодарение на супстанцијата бутилфталид што се содржи во целерот, го намалува лошиот холестерол.
Го намалува крвниот притисок.
Целерот содржи фталид, соединение кое го намалува производството на хормоните за стрес, ги опушта мускулите околу артериите и ја подобрува циркулацијата. Калиумот кој се наоѓа во целерот ги стабилизира срцевите отчукувања.
Целерот е добар при воспаление на зглобовите, кај астма и акни.
Добар е за нервите
Магнезиумот го смирува нервниот систем. Ако консумирате целер пред спиење, тоа може да го подобри спиењето.
Го подобрува варењето
Високата содржина на вода, комбинирана со влакната во целерот, го прави добар лек против запек. Целерот е диуретик , ја подобрува циркулацијата низ цревата.
Ја зголемува плодноста кај мажите
Со додавање на целерот во вашата исхрана, вие ги зголемувате бројот и подвижноста на сперматозоидите.
Целерот помага при слабеење
Совршен продукт кој треба да го додавате во скоро секое јадење доколку сакате да ја намалите својата тежина. Целерот е богат со хранливи состојки и содржи многу малку калории.
Одлично се бори против ракот
Целерот содржи лутеолин, соединение кои го намалува производството на клетките на ракот. Секојдневното консумирање значително го намалува и ризикот од рак на дојка.