Зошто да се биде благодарен за работата може да доведе до поголем стрес
И покрај фактот дека научниците ја поврзуваат среќата со благодарноста, понекогаш благодарноста има и недостатоци. Иако благодарноста за вашата работа може да биде вистинска и автентична, понекогаш таа е резултат на притисокот да бидете „благодарни затоа што сте вработени“, а оваа условена благодарност може да ни донесе негативни последици.
Толерирате работи што ве прават несреќни.
Многу луѓе уште од рана возраст се принудени да бидат благодарни за нешто што не им се допаѓа. Вие не сакавте да јадете зеленчук, но вашата мајка или татко велеа: „Биди благодарен што воопшто имаш храна!“ Научени сме да го цениме она што го имаме и да не се жалиме.
Кога ќе пораснеме продолжуваме со овој начин на размислување и се чуствуваме морално обврзани да бидеме благодарни и за најмалите нешта. Кога сме во тешка и непосакувана ситуација најчесто си велиме: „Може да биде полошо“. Кога сте премногу зафатени со вашата работа вие немате време за да размислите дека всушност сте пренатрупани со обврски и вашето здравје страда.
Се користи за прикривање на негативни емоции.
Кога се принудувате да бидете благодарни, можеби ќе започнете да користите тактика на „заобиколување“ за да ги избегнете и потиснете негативните чувства. Си велите дека се чувствувате благодарни кога навистина се чувствувате тажни, вознемирени или уморни.
На крајот негативните чувства ќе излезат на виделина, па затоа е најдобро да бидете искрени сами со себе.
Тоа ве прави поранливи.
Работодавачите можат лесно да ја искористат „благодарноста“ за да ги манипулираат работниците со цел да ги „намалат трошоците“. Тие знаат дека нивните вработени нема да се жалат или да дадат отказ затоа што се плашат дека нема да најдат нова работа.
Сето ова доведува до прекумерна работа, зголемување на стресот и незадоволство од вашата работа и вашиот живот. За да го избегнете, запомнете дека не му должите ништо на вашиот работодавец: не треба да бидете благодарни само затоа што „ви дозволија“ да работите за нив.