Знаете ли која е најинтровертната држава во Европа во која луѓето се избегнуваат на улиците и не им се насмевнуваат на странците
Латвијците не ја кријат својата интровертност. Пред неколку години беше актуелна кампањата #iamintrovert во областа на литературата, која имаше за цел да ја истакне латвиската воздржаност кон општеството и секако да се поттикне хуморот на своја сметка.
Латвиската воздржаност, во споредба со европскиот југ, може да се почувствува веднаш штом ќе ги преминете границите на балтичката држава. Кога шетате низ Рига, лесно е да ги разлликувате локалните жители од туристите. Додека странците радосно разговараат и мавтаат со рацете, Латвијците зборуваат смирено, со доволно простор помеѓу нив, дури и во јавниот превоз. Но зошто повеќето Латвијци (барем на прв поглед) изгледаат толку ладно и незаинтересирано?
Нема едноставен одговор, но студиите покажуваат врска помеѓу креативноста и склоноста кон осаменост. Писателката Анете Консте смета дека интровертноста е поизразена меѓу писателите, уметниците и архитектите, а Латвија има еден од најголемите удели на креативниот пазар на труд во Европската унија – креативноста е важен сегмент на нивниот идентитет.
Сепак не треба да се генерализира затоа што со разликите во генерациите, како и малцинствата од различен степен на јазична и културна интеграција, не е можно да се зборува за единствена, сеопфатна културна карактеристика .
Филип Бирзулис, туристички водич кој се преселил во Рига, за културните навики во Литванија вели:
„Многу Латвијци преминуваат на другата страна на патот кога ќе видат како некој доаѓа кон нив. Исто така тие не се насмевнуваат од учтивост. Тие сакаат осаменост и размислување во тишина“.
Но интровертноста во никој случај не значи недостаток на емпатија, љубов или желба за помош. Покрај тоа, Латвијците не се единствените кои го ценат личниот простор. Швеѓаните и Финците исто така се крајно резервирани. Во земји со мала густина на население, каде што има „доволно простор за секого“, држењето на на растојание е вообичаено.