Филозофите и научниците допрва треба целосно да ја решат мистеријата зад сонувањето.

Но некои експерти веќе донеле заклучоци проучувајќи ги работите што се случуваат во нашиот сон за да ни помогнат да разбереме што велат тие за нашите желби и искуства од реалниот живот.

Ние собравме неколку толкувања од различни експерти за да ви помогне да дешифрирате некои од вашите  чудни соништа.

Потребен ви е тоалет, но не можете да го најдете

Психологот Јан Валас, на својата веб-страница пишува дека сонувањето дека ви треба тоалет, а не можете да го најдете, значи дека сакате да испуштите нешто нездраво од вашиот живот, но не знаете како да го сторите тоа.

Валас додава дека овој сон може да биде знак дека во реалниот живот вие ги ставате туѓите потреби пред вашите. Тој препорачува да научите да им кажувате „не“ на другите.

Летање

Валас вели дека летањето во соништата претставува чувство на ослободување. Ова може да се случи откако ќе бидете ослободени од околности или обврски што ве тежат во реалниот живот.

Барате нешто

Да барате нешто во сон, честопати значи дека барате подлабоко исполнување. Да не знаете што барате може да биде одраз на фактот дека исто така не знаете што би ви донело задоволство во вашиот реален живот. Валас вели дека ако барате нешто во вашиот дом, тоа значи дека се обидувате да научите нешто за себе.

Качување или висење на карпа

Според Валас качувањето на карпа е знак дека се стремите кон повисоко ниво на успех. Висењето од работ на карпа го означува вашиот напор да се држите цврсто до работите кои ви значат.

Карпите што се распаѓаат може да означат несигурност или проблем со вашиот систем за поддршка. И спиралното скалило сугерира чувство „тапкање во место“.

Вода и бранови

Чиста вода значи јасност, матната вода подразбира мизерија, а давење може да значи чувство на емоционално преоптоварување.

Не можете да зборувате

Ако имате потешкотии да се изразувате во сонот тоа можеби значи дека се чуствувате „заглавени“ во реалниот живот. Ако губењето на гласот е периодична слика, тоа може да биде знак на траума од минат настан.

 

Имајте на ум дека соништата се отворени за толкување и се целосно зависни од мислите, емоциите или ситуациите со кои се соочувате.