Сега сме исто толку далеку од 2050 година, колку што сме од 1990 година. Времето минува многу брзо, а работите што нас ни беа секојдневни во 90-тите се вистинска енигма за денешните генерации. Овие „мистериозни предмети од минатото“ и нивната интерпретација ќе ве натераат да се почуствувате старо.
Кога сме кај стареење .. едно дете го виде ова и рече: „Ох, вие ја испечативте иконата „Зачувај“ со 3D принтер.
Ќерка ми ме праша зошто велиме „спушти слушалка“, се чуствувам како да имам 90 години.
Го прашав мојот 6 годишен син дали знае што е ова, ми одговори дека е нешто за музика и ме праша каде е копчето за вклучување.
Гледав еден цртан фил со ќерка ми и грамофонот го нарекоа „античка машина за слушање музика“, не дозволив да забележат колку сум повреден.
Едно дете ме праша што е ова….многу ми е жал за оваа генерација.
Моето дете ме праша што е тоа сино чудо, му одговорив дека е преносно радио, а потоа ме праша „за што служи преносно радио“…помош!
Се возев во такси со моето дете кога ме праша за што служи ова чудо на вратата од автомобилот.
Гледав филм каде што девојката имаше телефон на преклопување и моето дете ме праша: „Како се пишуваат пораки на тоа чудо?“…..се чуствувам многу старо.
Ќерката на сестра ми мислеше дека ова е микробранова печка.