Што открива начинот на кој го користите мобилниот телефон за вас
Жените во просек поминуваат 600 минути на мобилен телефон секој ден, а мажите 459 минути, се вели во една студија. Ова време обично се троши на задачи поврзани со работата (како испраќање е-пошта), и сурфање на социјалните мрежи. Сепак, тука не станува збор само за бројките, всушност употребата на телефонот може да открие многу за вашиот карактер.
Бидејќи денес телефоните се постојано во нашите раце сметаме дека би било интересно да откриеме што вели науката за начинот на кој ги користиме.
Пречесто проверување на вашиот телефон.
Да бидете постојано на вашиот телефон може да значи дека сте импулсивни, сугерира една студија. Во неа се вели дека луѓето зависни од нивните телефони може да бидат поемотивни од оние кои ги користат поретко.
Според друга студија, луѓето кои почесто ги користат своите телефони имаат поголемо ниво на стрес, а стресот прави да се чувствуваат помалку задоволни од својот живот. Спротивно, ако не сте зависник од вашиот телефон, значи дека сте многу посреќни.
Користите телефон доцна навечер.
Студија откри дека луѓето кои често ги користат своите телефони по полноќ, имаат поголема веројатност да имаат лош сон. Бидејќи губењето на сонот влијае на нашето расположение, тоа може да нè направи понервозни. Што се однесува до спротивното, луѓето кои имаат квалитетен сон обично престануваат да ги користат своите телефони пред полноќ.
Имате многу повици.
Истражувањата покажаа дека поискрените луѓе имаат тенденција да остваруваат помалку телефонски повици од другите. Додека пак екстровертите прават и добиваат повеќе повици и почесто користат апликации за разговори како на пример Viber.