За што се е корисно чиа семето?
Семето од чиа е моќен извор на калциум, омега-3 масни киселини и антиоксиданси. Ако го консумирате ова семе ќе изгледате млади, поенергични и ќе се чувствувате многу здрави и витални.
Семето од чиа содржи 20% протеини, 34% масти, 25% диететски влакна, а исто така и антиоксиданси. Богато со линоленска киселина и други омега-3 незаситени масни киселини.
За што се е корисно чиа семето?
За намалување на тежината
Бидејќи ова семе апсорбира многу вода, по неговото консумирање луѓето чувствуваат ситост подолг период. Да се консумира ова семе, значи брзо и ефикасно слабеење, без опасност за здравјето, бидејќи во себе ги содржи сите неопходни витамини и хранливи состојки.
Моќен извор на калциум
Во семето од чиа се наоѓа калциум пет пати повеќе отколку во млекото, и два пати повеќе калиум отколку во бананите. За вегетаријанците овај продукт е незаменлив. Веќе никогаш нема да имате проблем со слаби коски, лоши нокти и коса.
Омега-3 масни киселини
Чиа семето е богато со масни киселини, исто како и црвената риба. Овие киселини го намалуваат нивото на холестерол, ја подобруваат работата на срцето, помагаат да се изборите со депресијата и променливото расположение. Масните киселини ја подобруваат работата на мозокот и се одлишни за одржување на вашата кожа.
Вечна младост
Ова семе содржи голема количина на антиоксиданси, кои допринесуваат за млад изглед, независно од годините и штити од инфективни болести. Концентрацијата на антиоксиданси е поголема отколку кај боровинки и аронија.
Енергија
За сите кои се бават со спорт ова семе е многу корисно. Тоа содржи иста количина корисни материи како и протеинските коктели, кои се пијат за добивање мускулни маси и подобра издржливост. Ова семе е одлично за спортистите.
Како да го консумирате семето од чиа?
3 – 4 супени лажици дневно. Тоа е идеална количина за вашиот организам.
Може да започнете со една супена лажица и постепено да ја зголемувате количината. Семето е со неутрален вкус и можете да го додавате кон сите јадења: чорби, каши, супи, јогурт, салати.
Додадете го ова семе во вашата исхрана и за брзо ќе приметите како вашето здравје се подобрува.