Месецот на раѓање влијае на Вашиот живот и судбина
Месецот на Вашето раѓање влијае на вашиот карактер, повеќе отколку вашиот хороскопски знак. Темпераментот, карактерот, судбината на жените не зависи само од нејзиното воспитување и преживеаните моменти. Месецот на раѓање може многу да каже за една жена.
Јануари
Во овој месец се раѓаат најстрпливите и најиздржливите жени. Често се со машки карактери. Секогаш сами, гордо и самостојно ги решаваат своите проблеми. Овие жени не сакаат многу чистење и средување во куќата, но затоа за во кујната имаат талент.
Февруари
Овие жени се упорни, тврдоглави, осетливи и може да бидат одмаздливи. Имаат прилично сложен карактер. Кај нив се случуваат нервни сломови, но во исто време имаат прилично високо ниво на самоконтрола. Тие не се плашат од тешкотии, одлуките ги носат експедитивно, не размислувајќи за друго. Секогаш брзаат и понекогаш не се точни. Одлично манипулираат со луѓето и затоа често имаат добра кариера. Многу сакаат деца.
Март
Жените родени во март се најосетливи. Многу се чувствителни и ранливи. Често покажуваат тврдоглавост, што на крај оди на нивна штета. Можат да бидат несигурни и често се сметаат за несреќни. Овие жени, поради својата срамежливост, тешко доаѓаат до успех. Природата им подарила нежност и шарм, затоа толку често ги привлекуваат машките.
Април
Април е месец на храбри, упорни и мотивирани жени. Совршениот додаток му е рационалноста и практичноста. Секогаш знаат што сакаат, затоа полека но сигурно стигнуваат до целта. Овие жени не сакаат нестабилност. Емоциите и чувствата им се секогаш на прво место, после умот.
Мај
Во Мај се раѓаат самостојни, комплексни, бескомпромисни и одлучни жени. Не опростуваат лесно. Тие се тврдоглави жени – лидери, затоа нив им е полесно да ја преземат канцеларијата на шефот, одколку да пронајдат партнер. Како приоритет им е се што е материјално.
Јуни
Овие жени се многу опасни. Често се ранливи и несигурни, но многу се добри што никогаш нема да се осветат. Не сакаат кавги, имаат добра интуиција која им помага да избегнуваат конфликти. Се однесуваат според своето расположение.
Јули
Овие се скромни и срамежливи жени. Многу се грижат и секогаш се преиспитуваат. Скромни и романтични, многу чувствителни но не го покажуваат тоа. Домот и фамилијата се најважни за овие жени.
Август
Најгорди и најнезависни жени. Тие се добри и благородни, но многу сакаат моќ. Сакаат да бидат во центарот на вниманието и многу ја ценат независноста. Харизматични, многу искрени и пристојни, затоа често подлегнуваат на измами.
Септември
Овие жени се емотивни и темпераментни. Многу се самобендисани и скржави. Сакаат да бидат во друштво, но секогаш бараат некоја корист. Многу се љубоморни, претерано педантни и знаат многу добро да готват.
Октомври
Во овој месец се раѓаат многу едноставни, комуникативни, одговорни и остроумни жени. Малку практични но и великодушни. Многу внимателно ги носат своите одлуки. Имаат добра меморија. Многу принципиелни и не опростуваат неверство, иако секогаш се трудат да го сочуваат семејството, во кое заземаат лидерска позиција. Одлични домаќинки.
Ноември
Пресметливи и себични жени. Многу јаки личности со високо ниво на интуиција. Нивните сопрузи ќе мораат да прифатат дека нивното мислење нема многу често да се зема во предвид. Штедливи и економични. Многу страсни во љубовта, сексуални и темпераментни. Знаат да сакаат многу силно.
Декември
Овие жени се емотивни со експлозивен карактер. Упорни и бестрашни, независни и директни, постигнуваат успех поминувајќи преку сите препреки. Многу се комуникативни, романтични, идеалистки, добри пријателки. Не се штедливи и многу се темпераментни, затоа често имаат тешкотии во семејството.