Мајсторот за хорор Стивен Кинг откри кој филм е премногу морбиден дури и за него
Тој е одговорен за заплашување на читателите ширум светот, но изгледа дека и самиот мајстор за хорор, Стивен Кинг, може да се исплаши.
Човекот кој стои зад „The Shining“, „It“ и „Pet Sematary“ неодамна откри дека има еден посебен филм, што дури и тој не можел да го изгледа до крај.
Кинг неодамна се појави во ТВ шоуто „Историја на хоророт“ на режисерот и актер Ели Рот, каде дискутираше за неговата љубов кон жанрот и некои од филмовите што имаа најголемо влијание врз него како автор.
Тој на шоуто откри дека првиот пат кога го гледал „The Blair Witch Project, не можел да гo изгледа до крај. „Првиот пат кога го гледав [The Blair Witch Project], бев во болница и бев под дејство на лекови“, рече Кинг. „Син ми донесе касета и рече: „Мора да го гледаш ова“ . На половина филм реков: „Исклучи го ова е премногу морбидно“. “
Кинг рече дека филмот оттогаш станал еден од неговите омилени и призна дека бил главна инспирација за некои од неговите понови дела.
Кинг не беше единствениот на кој филмот „The Blair Witch Project“ му предизвика мачнина во стомакот кога првпат се појави во кината во 1999 година. Техниката за снимање на „пронајдената снимка“ е толку убедлива што доведе до дискусии дали е таа е вистинска или не. Тие што го гледале филмот сигурно ќе се согласат.