Што се „бета“ мажи и зошто се најчест избор кај жените денес
Ако сè уште барате алфа маж, можеби ќе сакате да размислите подобро. Верувале или не, „бета“ мажите можат да бидат подобри. Во минатото наметливоста и моќта ги привлекуваа сите девојки, но денес ваквите мажи повеќе не ги освојуваат женските срца.
Ние ќе ви објасниме зошто жените одат по бета мажи, додека алфите си ја чешаат главата збунето.
1. Тие се скромни џентлмени.
Бета мажите не се застрашувачки, за разлика од доминантните алфи. Вторите се премногу амбициозни и затоа тие имаат тенденција да бидат премногу наметливи на моменти. Бета се склони кон избегнување на конфликти.
2. Бета мажите помагаат во извршување на домашните работи.
Бета никогаш нема да се намурти кога треба да мие садови. Нема да го слушнете како вели како „Тоа не е работа на мажот“. Ако види куп алишта, ги става во машината за перење. Ова значи дека жените имаат повеќе време за себе.
3. Тој не контролира.
За разлика од алфа-мажите, бета-мажите не настојуваат да бидат доминантни во врската. Еднаквоста е клучна кога станува збор за живот со бета. Иако можеби звучи забавно да излегувате со алфа, имајте на ум дека тие се ужасно егоистични.
4. Тие се лојални и ве поддржуваат.
Бета-мажите не се обидуваат да постигнат највисок резултат на „мачо-скалата“. Тие се добри момци – сигурни и секогаш ве поддржуваат. Затоа тие се совршени татковци. Бета-мажите може да дадат пример за тоа како да се почитуваат жените и да се решат конфликтите со зборови, а не со тупаници.
5. Тој нема да ве натера да бидете домаќинка.
Бета-мажите се одличен партнер за силна и независна жена. Слободно можете да го правите она што го сакате – да работите или да седите дома. Овој тип на маж не се чувствува загрозен ако сте поуспешни од него.
6. Излегувањето со бета е забавно.
Доминантните мажи секогаш треба да бидат сигурни дека се во центарот на вниманието. Ова носи многу проблеми затоа што тие не прифаќаат „не“ како одговор. Тие почнуваат да се обидуваат да ги докажат работите на луѓето и може да постапат грубо – а потоа вечерта е уништена. За среќа, ова не се случува со бета-мажите. Овие момци едноставно се забавуваат и никогаш не се обидуваат да бидат некој што не се.