Дознајте како стресот може да влијае на полот на вашето бебе
Шансите за забременување се 31% ако се обидете 1 ден пред овулацијата и 33% ако се обидете за време на овулацијата. Но истражувачите откриле уште нешто што може да влијае на бременоста.
Откривме неколку интересни истражувања околу полот на бебињата и сакаме да ги споделиме тоа со вас.
Стресот може да биде нешто што влијае и на полот на вашето бебе.
Соодносот при раѓање е околу 105 момчиња на 100 девојчиња, но само една третина од жените кои доживеале стрес, покачено ниво на хормони, шеќер во крвта, промени во телесната тежина, па дури и некакво воспаление, имале момче, забележуваат истражувачите.
Притисоците во секојдневниот живот можат да влијаат на полот на бебето во матката. Во некои студии, специјалистите забележале дека жените кои доживуваат каков било вид на стрес имаат помала веројатност да имаат момче. Тие не сметаат дека ова е причина што 100% влијае на полот, но велат дека тоа е една од можните причини што може да ја земете предвид додека ја планирате бременоста.
Социјалната поддршка е важна при планирањето на бременоста.
Колку повеќе социјална поддршка добива една мајка, толку се поголеми шансите таа да има машко бебе, заклучиле истражувачите по неколку спроведени студии.
Откриени се 3 различни аспекти на социјална поддршка кои и помагаат на жената во стресни ситуации.
- Да има луѓе кои со кои ќе може да зборува.
- Да има луѓе на кои може да се потпре.
- Да има луѓе со кои ќе може да поминува време.
Физичкиот стрес исто така е нешто што може да влијае на полот на вашето идно бебе и социјалната поддршка има големо биолошко влијание врз здравјето на мајката.
Важно е да се чувствувате безбедно и смирено и добро е да практикувате вежби за релаксација со цел да се заштитите од дополнителен стрес, особено за време на бременоста.