Бил Гејст стои позади тајната на вкусниот помфрит на најголемиот синџир на ресторани за брза храна во светот
Мекдоналдс со причина го чува во тајност рецептот за помфрит, но се појави нова и изненадувачка информација за методите на ресторанот за брза храна: неговите компири ги одгледува Бил Гејтс.
Па така некако. Според податоците собрани од „The Land Report“, основачот на „Мајкрософт“ поседува поголем дел од земјоделското земјиште во државата Вашингтон, каде што се одгледуваат компирите за Мекдоналдс.
Полињата што ги поседува во државата се со вкупна површина од околу 14. 000 хектати и се доволно големи за да можат да се видат од вселената, токму на овие полиња се одгледува вкусниот копмир за Мекдоналс.
Во новиот извештај се откри дека Бил и Мелинда Гејтс поседуваат приближно 260.000 хектари земја низ 18 држави, што ги прави најголемите сопственици на приватни земјоделски земјишта во САД.
Интересно е дека Бил Гејтс е исто така еден од избраните неколку луѓе кои поседуваат златна картичка на Мекдоналдс, што значи дека додека ние останатите треба да платиме за мал помфрит, четвртиот најбогат човек на светот може да ги вкуси плодовите од неговото земјоделско земјиште бесплатно и во секое време.