Оваа љубовна приказна е толку романтична колку што и морбидна, но ќе ве натера да верувате во судбина
Луѓето се среќаваат под секакви чудни и интересни околности, што се гледа во оваа морбидна, но и прилично романтична приказна раскажана на Твитер
Корисникот на Твитер и автор @sixthformpoet ја започна својата мрачна љубовна приказна со објаснување дека неговиот татко, со кого бил многу близок, починал и бил погребан на малите селски гробишта во Сасекс, Англија.
Приказната вели дека тој често го посетувал гробот на неговиот татко, и редовно му носел цвеќиња. Но по некое време тој почнал да се чуствува лошо за човекот закопан покрај него, чиј не посетен гроб бил без ниеден цвет. Правејќи ги работите уште потрагични, човекот почина на Божиќ, кога имал само 37 години.
Така, @sixthformpoet започнал нова традиција кога и да носел цвеќе за својот татко, тој исто така положувал цвеќе на соседниот гроб, оддавајќи му почит на човекот со кој никогаш не се сретнал и за кој не знаел ништо.
Тој напиша:
„Ова го правев подолго време, но никогаш не кажав никому. Тоа беше мала шега со самиот себе. Знам дека звучи чудно, но почнав да мислам дека ми е пријател“.
„Се прашував дали има скриена врска меѓу нас, нешто што тајно ме привлекува кон него. Можеби сме оделе во исто училиште, сме навивале за ист фудбалски клуб или нешто друго“.
Еден ден @ sixformpoet решил да ја скроти својата љубопитност и да побара информации за својот „пријател“. На негово изненадување тој дознал дека положува цвеќе на убиец.
Тој напиша:
„Неговата сопруга не му носеше цвеќиња затоа што тој ја убил, на Божиќ, заедно со нејзините родители. И после тоа тој скокнал пред единствениот воз што минувал низ тунелот Балкомб таа вечер“.
„Тоа беше причината зошто никој не му носел цвеќе. Никој освен мене се разбира. Јас му носев цвеќе цели две и пол годинин“.
Тој продолжи:
„Открив каде се закопани жртвите, купив цвеќе и возев до гробиштата. Додека стоев на нивните гробови мрморејќи и извинувајќи се, позади мене се појави жена. Таа сакаше да знае кој сум јас и зошто оставам цвеќе на гробот на нејзините тетка, баба и дедо“.
„Објаснив и таа рече добро, тоа е чудно, но прилично слатко. Се заблагодарив на разбирањето и ја поканив на вчера (чудно знам) Неверојатно, таа кажа да. Две години подоцна таа повторно кажа „да“ кога ја замолив да се омажи за мене затоа што на тој ден ја запознав мојата сопруга“.