Работи што се носеа порано, но денес никој не би ги облекол ни за по дома
Модните трендови се менуваат многу брзо. Стиловите се менуваат и секоја деценија има свои уникатни карактеристики. Во еден период, облеката може да биде пооткривачка, а во друг, таа е поконзервативна. Понекогаш, кога ќе погледнете наназад, навистина се изненадувате од работите што порано беа модерни.
Ние решивме да се потсетиме на некои модни трендови кои порано беа популарни, а денес никој не би ги облекол.
Многу шалови
Денес тешко е да се видат овие типови шалови кај некој. Но тие се носеа без разлика дали е топло или ладно, во било која пригода. Ги носеа и мажите и жените и покрај тоа што не одговараа на одреден тип облека.
Многу нараквици
Во минатото жените носеа многу нараквици во различна боја, стил и големина.
Грејачи на нозете
Овие грејачи се носеа не само на нозете, туку и на рацете. И покрај тоа што тие всушност беа дизајнирани за спортисти, им се допаѓаа и на модерните жени. Многу девојки ги носеа со чизми, патики, па дури и балетанки.
Капи што се носеа цело време, дури и внатре
Едно е да се носи капа во текот на зимата, но носењето капи и беретки со маици и летни фустани е сосема друга работа. И мажите и жените носеa такви капи, но денес, многу малку луѓе ги носат.
Пердуви во косата
Можеби се сеќавате на модниот тренд кога жените носеа пердуви во косата. Овој тренд беше популаризиран од познати личности, модели и други модерни жени. Тоа беше интересен начин да направите нешто ново со вашата коса без да ја оштетите
Мрежеста облека
Ние порано носевме кошули, фустани, маици и други парчиња облека со мрежа. Но ако не бевте внимателни, оваа облека не траеше долго. Денес, таквата облека изгледа соодветно само за на плажа, и тоа е тоа.
Маица од марама
И марамите и кратките маички беа доста популарни во минатото. Но, во 90-тите, овие 2 работи беа споени, па марамите се носеа како маички кои ги покриваа само градите. Ова беше совршен начин да го покажете пирсот на паопокот со реси, како и грбот и рамената. Комбинирани со фармерки со низок струк, овие „маички“ изгледаа навистина интересно.
Очила со „решетки“
Очилата со „решетки“ ги измисли Ален Микли, светски познат дизајнер на очила за сонце. Тие се појавија на ТВ екраните и во продавниците во 80-тите, но станаа навистина популарни во 2000-тите години кога Микли дизајнираше нов модел за Кање Вест.