Исчезнато трето око и уште 9 тајни за нашите тела што докажуваат дека човекот е кутија полна со изненадувања
Нема нешто поневеројатно од човечкото тело и ние можеме да го докажеме тоа. Луѓето всушност се направени од sвезден прав, имаат сопствен сјај – или биолуминисценција, па дури и трето око. Дури и најдобрите научни филмови не можат да направат суштества толку магични како што сме ние.
1. Нашите предци имале трето око
Пионерска студија откри дека нашите предци, пред цицачите, всушност имале трето око. Се користело за терморегулација, и неговата загуба ни помогнала да преминеме од „ладнокрвен“ во „топлокрвен“ вид.
2. Нашиот нос станува жежок кога лажеме.
Ефектот Пинокио е вистински, но наместо да ни расте, носот ни се грее кога лажеме. Секој пат кога ќе се вложи ментален напор, се активира дел од нашиот мозок наречен инсула, менувајќи ја температурата околу нашиот нос и во внатрешните агли на нашите очи.
3. Имаме природен сјај.
Не можеме да ја видиме, но луѓето имаат своја биолуминисценција. Истражувачите откриле дека човечкото тело свети во текот на денот, а најсветли се пределите на челото, вратот и образите.
4. Некои луѓе се раѓаат со опашки.
Иако е ретко, некои луѓе можат да се родат со опашка. Тоа е последица на ‘рбетниот дисрафизам и изгледа различно од опашките на кучињата затоа што ние не можеме да ги мрдаме. Често се отстранува хируршки кога лицето е сè уште дете.
5. Ноктите растат различно на двете раце.
Бидејќи повеќе ја користите вашата доминантна рака, тоа значи дека ноктите на таа рака растат побрзо од другата недоволно искористена рака. Мозокот испраќа повеќе крв и хранливи материи до вашата доминантна рака, што може да го забрза растот на ноктите.
6. Косата може да расте побрзо кога патувате со авион.
Големиот атмосферски притисок што е присутен кога патуваме со авион или кога нуркаме под вода, може да направи вашата коса да расте побрзо. Всушност, истражувачите сега размислуваат за употреба на атмосферска плазма за лекување на алопеција.
7. Бебињата можат да дишат и да голтаат истовремено.
Како возрасни, ако голтаме и дишеме истовремено, големи се шансите да се задавиме. Но, за бебиња стари до 3 месеци, тоа не се случува. Детскиот ларинкс седи високо во носната празнина и како што стареат, тој паѓа пониско во грлото.
8. Нашиот стомак се зацрвенува кога ќе се засрамиме.
Кога се засрамуваме, адреналинот се ослободува во нашите тела, зголемувајќи го крвниот притисок. Бидејќи нашиот стомак има огромна капиларна мрежа, црвенилото од високото количество крв може да биде видливо не само на образите, туку и на нашите стомаци.
9. Ние сме направени од ѕвездена прашина стара милијарди години.
Суперновите (ѕвезда што експлодира) се одговорни за создавање планети, но исто така и за создавање на скоро сите елементи што се наоѓаат во човечкото тело, како кислород, јаглерод и водород. Значи, следниот пат кога ќе се наречете ѕвезда, тоа е научно точно.