Додека некои луѓе стареат побавно од другите, љубителката на фитнесот, Норма Вилијамс, изгледа како да знае да го запре времето. На 72 години изгледа како модел. Таа има важна порака што сака да ја чуеме: телата можат да се подобруваат како стареете само ако добро се грижите за нив.

Не можевме да ја пропуштиме шансата да ви покажеме колку извонредно изгледа Норма.


Таа не секогаш имала вакво тело, кога била мала немала здрави навики и секогаш се чуствувала како да е поголема од што треба да биде. На 28-годишна возраст, таа започнала да го менува својот животен стил. Бидејќи повеќето луѓе не можат да ги менуваат навиките преку ноќ, тоа било патување што Норма сè уште продолжува да го доживува.

Како што го менувала животниот стил, забележала дека целиот живот почнува да ѝ се менува, а изгледот и се подобрувал. Конечно, таа стигнала до точка каде што била задоволна со самата себе. За оние кои исто така сакаат да го променат својот животен стил, таа предлага да одат чекор по чекор, затоа што процесот може да трае со години.

Таа вели дека нејзиното тело се усовршило поради редовно вежбање. Таа вежба брзо одење 4 пати неделно и посетува теретана двапати неделно. Таа постепено го зголемувала интензитетот на вежбање и соодветно ја подобрувала исхраната.

Нора верува дека нашите тела не заслужуваат ништо друго освен почит, и ние често ги злоупотребуваме, но сè додека се обидуваме да направиме позитивни промени, нашето тело не наградува.