Брзи, лесни и без јајца. Како да не ги направам за појадок кога знам дека сите дома ги обожаваат?
Овие слатки колачиња без јајца се благи и многу вкусни! Целосно погодни за појадок во периодот на летните горештини.
Најбрзите слатки колачиња без јајца
Потребни производи:
маргарин – 250 грама
павлака – 300 грама
брашно – 2,5-3 чаши
прашок за печиво – 1/2 пакетче
Начин на подготовка:
Маргаринот се остава да омекне на собна температура, се меша со киселата павлака и брашното, се додава и прашокот за печиво. Ако е потребно, може да додадете брашно. Тестото треба да биде меко и да не се лепи на рацете.
Ставете го готовото тесто во фрижидер околу половина час.
Потоа тестото исукајте го во тенка кора, со помош на чаша исечете кругови, се валкаат во шеќер и се подредуваат во тава за печење, обложена со хартија за печење.
Се печат на температура од 180-200 ° С, додека не заруменеат.
Ако не сакате шеќер, додека се уште топли, извалкајте ги во мелени ореви, или нешто по ваш вкус, пр. сусам, мак… Овие колачиња се вистинска можност за креативно изразување.