Оваа жена пронајде писмо во шише од 1926 година, а она што го направи следно ќе ви ги стопли срцата
Наоѓањето работи од минатото е секогаш интересно искуство. Не е важно дали станува збор за нешто што сте го заборавиле и случајно повторно сте го пронашле или нешто што некој друг оставил за вие да го најдете години подоцна. Во оваа приказна станува збор за второто.
На 19 Јуни, Nautical North Family Adventures, група за турнеја со чамци во Чебојган, Мичиген, САД, споделија слики од необичен наод за време на една од нивните операции за чистење на водите.
Имено, капетанот на бродот Џенифер Даукер, за време на рутиснките обиколки, забележала шише кое изгледало како да има нешто внатре. Џенифер се нурнала да го извади шишето и нејзината претпоставка била точна, во шишето имало писмо од Џорџ Мороу на кое пишувало: „Дали може оној што ќе го најде писмово да го врати на Џорџ Мороу, Чебојган, Мичиген и да ми каже каде го нашол“. Писмото датира од Ноември 1926 година.
Ова откритие старо скоро 95 години изненади многумина. Хартијата внатре не била во најдобра форма , но со оглед на сè, останала речиси недопрена.
Даукер го објави ова откритие на Фејсбук страницата на Nautical North Family Adventures каде што беше споделео скоро 105.000 пати.
Во коментарите не само што се појавија голем број луѓе со презимето Мороу, кои се обидуваа да откријат дали тој што го напишал писмото е нивен роднина или не, туку многумина се нафатија да го пронајдат г-дин Мороу или некој од неговите роднини и да ги известат за ова откритие.
Не требаше долго за да се пронајде ќерката на Џорџ, Микел Примо. Непотребно е да се каже, таа беше во целосен шок за сето ова (се разбира на добар начин).
Таа претпостави дека самиот Џорџ го фрлил шишето во езерото, бидејќи тоа звучечело на него. Микел објасни дека кога го граделе подрумот, татко ѝ ставил слично такво писмо зад една од гредите.
Покрај тоа, Микел исто така истакна дека роденденот на нејзиниот татко е во Ноември, па можеби тоа било негов начи да си го прослави роденденот.