Научниците открија што е поголем ризик за здравјето од пушењето и дебелината
Социјалното дистанцирање и самоизолацијата станаа норми поради пандемијата со коронавирусот, затоа „осаменоста сега се смета за поголем ризик по здравјето отколку пушењето или дебелината“, велат нвролозите.
Докторката на науки Алис Греј зборува за влијанието на осаменоста, истакнувајќи дека „социјалната поддршка“ сега, повеќе од кога било, е многу потребна.
Таа изјави:
„Осаменоста беше проблем дури и пред пандемијата, но сеге станува полошо“.
„Најчесто осаменоста се поврзува со постарите генерации но, трипати повеќе млади луѓе се справуваат со осаменоста во споредба со постарите луѓе“.
Греј верува дека придобивките од социјална интеракција ќе бидат далекусежни, бидејќи смета дека луѓето го потценуваат влијанието што го има самотијата врз нашиот мозок и здравје, осамени луѓе имаат двојно поголема веројатност да имаат проблеми со менталното здравје, а осаменоста, денес, се смета за поголем ризик за здравјето отколку пушење или дебелина.
Некои матични лекари ширум светот веќе започнаа со практиката „социјално препишување“, што во суштина значи препорака за повторно интегрирање во соицјалните кругови и дружење со блиски луѓе