Сиромаштијата не е нешто што може да го разберете само интелектуално – за вистински да разберете нечии финансиски борби, мора да сте биле  таму каде што се тие. И искрено, не секој добива реална слика за како е да трпиш за леб. Корисник на Reddit ја отвори оваа тема и ги замоли корисниците да ги споделат работите кои луѓето што живеат удобен живот не би ги разбрале.

Ајде да ги погледнеме нивните коментари.

  • Само колку малку пари би биле потребни за драстично да се намали стресот на просечна личност за над 50%. Гледам како Пост Мелоун заработува 1,5 милони од вечер, или колку пари трошат сестрите Кардашијан на роденденска забава и тоа ме тера да повратам. Време е да престанеме да ги гледаме овие луѓе како инспирација и да почнеме да ги третираме како она што се- самобендисани социопати.

  • Како дете родено во сиромаштија јас немав многу опции во животот. Мајка ми беше зависничка од дрога и живеевме во приколка. Јас не можев да одам на дополнителни активности затоа што немавме пари. Училиштето ми беше бегство од дома па затоа многу учев и на 14 години работев две работи. Успеав да се запишам на добар факултет, но кога пристигнав таму, сите други студенти раскажуваа приказни за како патувале низ светот, кои курсеви ги слушале, на кои концерти оделе, но јас требаше да работам секој ден додека другите деца се забавуваа. Да се ​​родиш во сиромаштија е како да ја започнуваш трката 10 метри поназад од другите и тоа со скршена нога.

 

  • Парите се практично сè за што размислувате. Парите не купуваат среќа, но немањето пари купува постојан стрес.

 

  • Сиромаштијата не е само лоши одлуки – сиромаштијата е животна средина. Тоа е лош пат. Тоа е лошо управување со градот и општината. Тоа е недостаток на генерациско богатство. Тоа е недостаток на пристап до самопослуга, лекар, банка, стоматолог , водоводџии или електричари, адвокат, училиште…

  • Да се биде сиромашен е исцрпувачки. Исцедува, ментално и физички, на секого понекогаш му е потребна победа. Понекогаш таа победа е наоѓање начин само да си дозволите оброк. Да, имате сметки за плаќање, но на секого му треба пауза.

 

  • Стравот. Страв од нешто неочекувано за кое немате предвидено буџет. Страв од тропање на вратата од собирач на долгови. Страв од тоа да мора да изберете кое од вашите деца може да јаде повеќе од еднаш денес. Страв од тоа да мора да изберете во кои денови ќе бидете гладни за вашите деца да можат да јадат.

  • Потребно е два до три пати подолго за да стигнете каде било со автобусот отколку со вашиот автомобил. Тоа значи да заминете порано на работа и да се вратите дома подоцна. На многу места, автобусите не поминуваат толку често за време на викендите. Набавка на намирници во автобус значи само да го купите она што можете да го носите, што значи да одите почесто, што значи повеќе време да губите на чекање.

 

  • Кога родителите ве лажат велејќи дека се сити, а не се, за да може да ви го дадат последниот залак.

  • Дека да се биде безбеден е луксуз. Кога сте бездомник и спиете насекаде, не размислувате за утре, размислувате: „Што ако се разбудам и некој ми држи нож на грло?“

 

  • Кое е вистинското значење на зборот „приоритет“.