Работи како што се социјалните норми, културата, егото, мислењето и мноштво други работи ги отежнуваат работите кога станува збор за негување на здраво општество, особено кога станува збор за „дозволено“ однесување на мажите.

Сведоци сме на двојни стандарди кога станува збор за полова улога, но овие норми постепено исчезнуваат и луѓето стануваат посвесни за своите постапки. Корисник на Reddit ги праша момцитe што е она што ги нервира кај другите мажи, и за наша среќа, доби изобилство од одговори.

Да погледнеме некои од нив.

  • Кога си го чуваат детето и ќе кажат: „Еве глумам дадилка“.

 

  • Кога не ги мијат рацете по користење на тоалет…..што ви е проблемот?

 

  • Често купивам цвеќе за мојата вереница и секој пат кога ќе ме види некој маж на улица ме прашува: „Што за*ба сега?“ Не знам зошто мажите мислат дека купувам букет цвеќиња за да се извинам за нешто, мојата вереница ги обожава и секогаш се расположува кога ќе ги види. Јас сум висок 190 cm и цел сум со тетоважи, и само затоа другите мажи мислат дека сум „лошо момче“ што не знае да им пружи љубов на жените.

  • Кога глумат силни, агресивно силни. Другар не си фраер, туку мало дете со проблеми со гневoт.

 

  •  Фактот дека секоја моја поранешна партнерка била сексуално нападната од други мажи.

 

  • Фактот што мажите немаат проблем да „бркаат“ туѓа девојка, но се однесуваат како психопати ако нив им се случи тоа.

  • Како момците се справуваат со одбивањето. Многу жени се исплашени да ги одбијат мажите, бидејќи некои од нив може подоцна да ги вознемируваат или да станат насилни.

 

  • Мажи што си ги бранат другарите што се однесуваат како кретени само затоа што се „браќа“.

 

  • Мажите кои не можат да го исчистат сопствениот хаос, да перат алишта, да готват своја храна…Мислам дека е време да пораснете.

  • Кога мислат дека треба да знаат се`, а само „тресат глупости“. Кога стана немаженствено да кажам „не знам?“

 

  • Мажи кои те деградираат само затоа што не знаеш да поправиш нешто. Наместо да ти помогнат да научиш, те исмеваат и ти се обраќаат со омаловажувачки тон.

 

  • Момци кои се однесуваат очајно околу жените и нема да престанат да им се пуштаат дури и ако девојката не е заинтересирана за нив.

 

  • Мажи што мислат дека е немаженствено да пиеш коктел. Извини што сите не се давиме во пиво и виски.

  • Немам многу што да се жалам за моите пријатели, но, јас мразам некои мажи кои, кога се во група, се  обидуваат да воспостават доминација. Тие обично го прават тоа со тоа што се гласни, прекинуваат луѓе и ви се смеат на вас, наместо да се смеат со вас.

 

  • Невскусни и несоодветни прашања и коментари што постарите мажи им ги упатуваат на младите шанкерки каде што работам.