Пожарникари споделуваат која била најглупавата личност што морале да ја спасат од опасност
Според анкетата на Ипсос, пожарникарите се рангираат меѓу оние со најтешки професии. Секој е прилично свесен дека нивните работни места бараат физичка, емоционална и ментална цврстина. Сепак, овие секојдневни херои, исто така, треба да се справат со глупави ситуации.
Пожарникари на Редит споделија приказни за идиоти што морале да ги спасат од неверојатно глупави ситуации. Прочитајте неколку од нивните приказни подолу.
- Возач имал лош алтернатор, автомобилот се расипал додека тој возел и електричната брава престанала да работи. Бевме повикани затоа што лице било заробено во моторно возило. По пристигнувањето само рачно го кренавме копчето за заклучување.
- Мојот пријател пожарникар се врати од работа многу тажен, но со чудна насмевка на лицето. Го прашавме што се случило и тој почна да раскажува. Инстаграм модел ја запалила нејзината станбена зграда бидејќи сакала да прави фотосесија од себе како медитира со стотици свеќи околу. Но, таа видела пајак како седи на една од запалените свеќи и го прснала со пипс против инсекти. Собата прилично брзо се запалила и, од страв, таа го фрли шишето пипс кон огнот, а потоа се скрила во тоалетот. Таа сè уште била во станот кога мојот пријател ја скршил вратата и за да ја извади. Таа била во лоша состојба поради чадот, па тој морал да ја носи во раце. Додека тој ја носел до прозорецот за да ја спуштат на скала, таа рекла „Чекај“. Го извадила телефонот и направила селфи.
- Две девојки облечени во бикини мораа да бидат спасени од брза река додека пловеа на кајче. Ниту една девојка не носеше елек ниту пак имаа земено весла.
- Ја слушнав оваа приказна од еден пријател. Некој се јавил да пријави опасност од струја. Екипата отишла на терен и јавувачот кажал дека телевизорот зуи многу чудно. Пожарникар влегол во собата каде што бил телевизорот, го исклучил (не знам зошто на јавувачите не им текнало на тоа), но зуењето не престанало. Ппожарникарот ја отворил фиоката од комодата под телевизорот и видел дека звукот доаѓа од вклучен вибратор.
- Моравме да носиме еден човек на ургентно затоа што имаше запек. Неговата сопруга се обидела да го ископа со дрвена лажица. Лажицата заглавила во неговиот задник и човекот не можел да мрдне за да не се повреди.
- Јас бев глупавиот јавувач. Мачката ми се заглави во ВЦ шољата.
- Имаше пијан човек на Антарктикот кој бркаше пингвин. Пингвинот го заби клунот низ листот на наведениот пијан човек. Го испратиле дома, а на работната маса на некој член на конгресот се појави извештај за кршење на меѓународниот договор.
- Постара жена се јави во пожарна за да пријави „нешто заглавено во рерна“. Кога пристигнаа службите излезе дека имало пита во рерната, а жената се задржала во продавница па викнала пожарникари да ја извадат питата.
- Тип решил да ја изненади девојка му со тоа што ќе се спушти низ оџакот облечен како Дедо Мраз. Синот на девојката го запалил огинот и типот во оџкот за малку ќе загинел.