Луѓето признаваат што е најнесебично нешто што сториле за кое никој не знае
Пораката дека треба да си помагаме едни на други е стара колку и светот. Меѓутоа, во денешниот свет, бидејќи луѓето станаа посамостојни, нема ништо чудно во фактот дека повеќето се позаинтересирани за сопствените проблеми, отколку за покажување сочувство кон другите. Некој дури може да помисли дека многу работи што се прикажуваат, особено на социјалните мрежи, се лажни, па ако видите видео од лице кое прави добро дело, тоа не мора да значи дека нивните постапки се искрени. Но, можеби работите не се толку песимистички и сè уште има луѓе кои сакаат да им подадат рака на другите?
Еден корисник на Reddit праша: „Што е тоа што сте го направиле чисто од срце, но никогаш не сте му кажале на никого?“, а во коментарите се појавија голем бој на луѓе кои ги споделија нивните „тајни“.
- На почетокот на пандемијата, јас волонтирав во една локална продавница за пица за да давам јадење на деца кои инаку не можеа да се хранат затоа што училиштата беа затворени. Имаше едно жена со 3 деца, која доаѓаше на секои неколку дена за да добие парче пица. Излезе дека таткото на децата починал ненадејно пред да започне пандемијата и тие ја изгубиле својата куќа. Мајката останала без работа затоа што немало кој да ги чува децата. Тие беа толку пријатни и благодарни, и навистина ми беше жал за нив. Имав зштедено пари па решив да му се јавам на еден пријател кој работи како агент за недвижен имот. Најдовме солиден стан и јас им платив кирија првите два месеци дур не успеат да се снајдат. Помина речиси година, а на нив супер им оди во новиот стан.
- Секогаш кога ќе видам касиерка која има тежок ден, гледам во слатките покрај касата и се преправам дека не можам да одберам. Ги прашувам “Не можам да одлучам. Кое ти е омилено?” Купувам што ќе речат, а потоа им го подарувам одбраното, им кажувам да имаат убав ден и им оставам бакшиш секако.
- Кога бев во средно училиште, имаше една девојка која никогаш не разговараше со никого, беше сама и никогаш не сум ја видел како зборува подолго време, освен ако не беше за проекти или нешто слично. Првиот пат кога имавме забава по повод Денот на вљубените, забележав дека таа изгледа навистина тажно, бидејќи сите други девојки добиваа цвеќиња од момчињата, па некако се почувствував лошо. Решив да и купам цвет, но анонимно. Кога го доби цветот, изгледаше … збунета, но барем се насмевна. Следната година, се случи истото, секоја девојка со цвеќиња, освен неа, па и јас го сторив истото, овој пат таа повторно изгледаше изненадена, но не лошо изненадена, среќно изненадена. Следната година го сторив истото, но овој пат и подарив цел букет цвеќе, се чинеше дека е преплавена од радост. Луѓето ја прашуваа од кого и е, а таа велеше дека не знае, но е среќна.
- Чекам ред на лекар и гледам еден постар човек со помагало за одење како разговара со возачка служба за стари лица / хендикепирани луѓе за да го однесат дома. Очигледно имало недоразбирање и тие не можеле да пратат возач. Ме повика мојот лекар и кога излегов, постариот човек сè уште беше таму и разговараше со возачката служба. Му реков на човекот дека, ако ми верува, јас ќе го однесам дома. Тој одговори „но сè уште не сум бил на преглед“ му реков дека ќе почекам. Старецот изгледаше како да ќе заплаче.
- Видов бездомник како шета по тротоарот среде ден на 45 степени, тој кривеше и ми беше јасно дека стапалата му беа изгорени од сонцето. Имав нов пар чевли во багажникот, па му ги подарив. Тој буквално плачеше и рече дека никогаш нема да разберам колку му значи ова. Ми го скрши срцето.
- Видов бездомник како јаде пица и откако разговаравме малку, му дозволив да го искористи мојот туш и му понудив да преспие на каучот. Тој го одби каучот, но неговата смеа под тушот ме насмеа. Ова никогаш не сум му го кажал на никого.