Експерт за врски открива седум прашања што треба да ги поставите на првиот состанок
Првите состаноци знаат да бидат тешки, а да знаете што да кажете може да биде вистинси кошмар. За среќа, експерт откри што точно треба да направите за да ги избегнете тие непријатни тишини.
Започнувањето на зазговор може да биде предизвикувачко па затоа експертот за врски Џејмс Томас соделува корисни совети за да го одржат разговорот во тек.
Се подразбира дека треба да поставувате прашања за време на состанок, а Томас откри седум одлични начини за да дознаеме нешто повеќе за потенцијалниот партнер.
Томас предлага да се праша „Кој е твојот омилен начин да се опуштиш?“ Бидејќи ова дава „увид во нивните карактеристики“. Дополнително, се разликува од едно генеричко прашање како прашањето за хоби. Многумина ќе мислат дека Нетфликс ќе биде доминантен одговор поради пандемијата, и затоа Томас вели дека треба да го користите прашањето „Која беше последната серија што ја гледаше?“
Експертот за за врски исто така, препорачува да прашате „Дали имате омилено јадење што сакате да го готвите?“ За да дознаете повеќе за нивните вкусови. За среќа, ако тие немаат интерес за готвење, можете дополнително да прашате „Што е нешто што сакате да научите?“ Што ви овозможува да „видите дали нивните интереси се совпаѓаат со вашите “.
Во духот на пандемијата, Томас советува да се постави прашањето „Ако светот би завршил утре, што би направиле?“, Бидејќи тоа ќе го покаже карактерот на личноста.
Експертот за односи, исто така, препорачува да прашате „Која е најчудната работа што сте ја нарачале на Амазон?“ Се надеваме дека ова ќе доведе до лесен разговор за навиките за купување.
Последното прашање предложено од Томас е „Што е најдоброто нешто што ви се случило оваа недела?“ Томас вели дека ова „е убав начин да се скрши мразот“ и открива дали малите нешта или големите настани се важни за некоја личност. Се разбира, најдобриот одговор би бил некој да одговори „средба со тебе“.
Секако, важно е состанокот да не се претвори во интервју и сите овие прашања не мора да бидат поставени. Впрочем, разговорот треба слободно да тече и да биде забавен.