7 историски факти кои звучат премногу чудно, но сепак се вистинити
Многу работи во светот се сменија со неодамнешниот технолошки и културен напредок. Од таа причина, гледајќи наназад во историјата, може да најдете забавни митовите во кои луѓето верувале.
Направивме компилација од неколку интересни работи кои се случиле низ историјата, а кои може да изгледаат неверојатно за современите луѓе.
1. Луѓето верувале дека јагнињата растат на дрвја.
Во средниот век, луѓето мислеле дека во Централна Азија има дрва од кои растат јагниња. Ова верување постоело поради недостаток на знаење за тоа од каде потекнува волната, оние кои живееле многу далеку од Азија претпоставувале дека расте на дрва. Имало дискусии дали јагнето, во овој случај, ќе се смета за живо суштество или за овошје, и било заклучено дека ќе биде и едното и другото.
2. Луѓето мислеле дека матката на жената ќе излета ако таа патува со воз.
Технолошкиот напредок може да биде страшна работа, особено во раните фази додека има многу аспекти на новиот изум кои сè уште не се познати. Така, кога биле измислени возовите во деветнаесеттиот век, се зборувало дека телото на жената не е дизајнирано да поднесе таква брзина, бидејќи нејзината матка може да излета.
3. Европејците од средновековниот период верувале дека допирот од крал може да ги излечи.
Општо познато е дека во минатото луѓето верувале во божествената моќ на кралското семејство, па оттука доаѓа ова верување. Во текот на средниот век, постоела традиција вообичаена во Англија и Франција каде што кралското семејство ги допирало своите поданици кои страдале од тешки болести, и како резултат на тоа, луѓето верувале дека ќе бидат излечени. Она што е интересно за ова е дека болеста во повеќето случаи не била фатална и ќе поминела сама по себе, што ја потврдило илузијата дека кралот е тој што ја излекувал.
4. Британските рудари во рудниците за јаглен со себе носеле канаринци.
Во дваесеттиот век, било традиција рударите со себе да носат канаринци во рудниците за јаглен. Причината за ова е едноставна: птиците се почувствителни на отровен гас отколку луѓето. Така, ако нешто не е во ред во рудникот, рударите веднаш ќе дознаат по реакцијата на птицата.
5. Британците верувале дека постојат дрвја на кои растат шпагети.
Овој инцидент не се случил многу одамна. Во доцните 1950-ти, информативната програма на Би-Би-Си решила да направи првоаприлска шега и известувала за луѓе кои одгледуваат шпагети на дрвја. Пошироката јавност оваа шега ја сфатила како факт бидејќи во тоа време Британците не знале многу за шпагети.
6. Бадемовото млеко не само што постоело во среден век, туку било многу популарно во Европа.
Би било разбирливо доколку мислите дека опсесијата со бадемово млеко е нова работа, но тоа не е точно. Всушност, луѓето во средновековна Европа го сакале бадемовото млеко до тој степен што можете да го најдете наведено како неопходна состојка речиси во секоја книга за готвење. Бадемовото млеко не само што било пораспространето од кравјото, туку било и нешто што луѓето можеле да го пијат за време на постот кога сите млечни производи се забранети.
7. Кечапот се користел како лек.
Кога кечапот првпат бил измислен во деветнаесеттиот век, неговиот рецепт првично се состоел од печурки и риба, но д-р Џон Кук Бенет предложил да се стават домати во него, а сосот постепено станал она што е сега. Сепак, на почетокот, се верувало дека кечапот може да биде лек за разни работи, како што се дијареа и потешкотии со варење на храната. Се продаваше дури и во форма на апчиња.