Лековити својства на зелката
Освен што е незаменлива за многу врсти јадења, зелката е многу добро лековито средство.
Повреди и изгореници
На повреденото место се ставаат свежи листови зелка, се врзува со завој и се остава во текот на ноќта. До утрото болката и отокот се намалуваат.
Главоболка
Ставете на слепоочниците по еден лист зелка и замотајте ја главата со крпа. Ова помага и кај мигрена.
Болки во градите
За време на лактација и доење многу жени чувствуваат болки во градите. За ова користете поголеми листови, претходно измиени и исечени тврдите делови од лисјата, листовите малку да се изгмечат со рака. Оваа метода исто така помага и при маститис и болки во градите при ПМС.
Убод од инсекти
Листовите зелка ја намалуваат болката при убод од оса, пчела, коњска мува. Делува како магнет, го вади осилото и болката исчезнува.
Хронична кашлица и бронхитис
За да се започне со лекување, потребно ќе ви биде зелка и мед. Полека одвојте еден лист од зелката и ставете го неколку минути во врела вода. Потоа едната страна намачкајте ја со мед и со таа страна ставете го на градите на болниот. Одозгора ставете најлонска кеса и завиткајте со крпа или шал.
Процедурата се прави пред спиење. Ако бронхитисот е на почеток, резултатите ќе бидат видливи уште првиот ден. Лечењето трае од пет до седум ноќи и од хроничната кашлица нема да остане ни трага.