Можеби ќе ви звучи невистинито, но храната може многу да ви помогне да го намалите стресот.

Всушност сигурнo дека некои од вас веќе знаат некои народни лекови за да ја смират главоболката, или воспалението на грлото. Кој не носел облоги со ракии или чорапи со оцет кога горел од температура? Овој пат наидовме на неколку нови трикови. Еве неколку кои делуваат:

 

 

Вртоглавица

Гладот и жедта предизвикуваат вртоглавици, ви се темни пред очи и ви се тресе снагата. Mора да пиете вода во текот на денот. За да ви се врати снагата и да дојдете до малку енергија, каснете една коцка шеќер, чоколадо или колаче. Но, за да издржите цел ден лекот е порција ориз. Оризот, содржи јаглени хидрати кои тешко се согоруваат.

Засипнат глас

Еве три совети како да го вратите гласот во нормална состојба. Пробајте да не зборувате во интервал од 10 минути. Не шепотете бидејќи така дополнително ги оптеретувате гласните жици. Направете гаргара со солена вода или со чај од камилица или магдонос.

 

 

Непријатен здив

Сакате да каснете лукче, но знаете дека вечер треба да излезете со момчето. За лошиот здив одговорно е и лошото варење. Особено ако практикувате да јадете производи со полномасно млеко, како сирење и павлаки. Најдобар лек за тоа е овошјето и зеленчукот. А за моментално решение, џвакајте свеж лист од магдонос.

Несоница

Освен што треба да избегнувате да пиете чај или кафе пред спиење, поработете и на исхраната. Избегнувајте мрсна храна и зачинета, бидејќи таа потешко се вари. Затоа пак млечните производи содржат Л-триптофан, аминокиселина која стимулира спиење.

 

 

Изгореници

Изгорениците предизвикуваат црвенило, а посериозните и пликови. Ако имате плик морате да го дупнете за да истече водата, потоа исплакнете го местото со борова вода, намачкајте го со вазелин и превиткајте го со стерилна газа. Боровата вода е добра и за отоците.

Трпки во нозете и рацете

Трпките се знак дека храната е сиромашна со калиум, кој влијае на отпуштање на мускулите. За исхраната да ја збогатите со минерални соли, јадете банани, домати и модар патлиџан. Минералната вода исто така е богата со минерални соли, но одбирајте ја внимателно. Не се препорачува сирење и млеко, бидејќи негативно делуваат на калиумот.

Нервоза

Со ладна вода масирајте го вратот, лицето, градите и лактите на рацете. После тоа, обидете се да не мислите на ништо барем 5 минути. Исто така важно е и дишењето. Вдишувајте преку нос, а издишувајте преку уста. Друга опција е млакиот туш во комбинација со класична или инструментална музика.

 

Киселина во желудник

После секој оброк имате тегоби во желудникот. Можеби е крајно време да ги оставите чоколадните меѓу-оброци. Заборавете на мрсната храна или зачинетата бидејќи за да се сварат желудникот лачи повеќе сокови. Комбинациите топло-ладно не се само штетни за забите, а истото важи и за газираните пијалаци. За да се решите од непријатното чувство, пробајте со: неколку зрна ориз, жив компир, ладно млеко или голтнете семка од маслинка.

Вагинални инфекции

Неправилната исхрана го намалува имунитетот, а жените тоа најмногу го чувствуваат на половите органи. Без секојдневно внесување на јаглени хидрати, минерали, витамини, здрави масти и шеќери, ќе станете склони на бактериски инфекции. Конкретно за вагиналните инфекции, јогуртот со живи ферменти е одличен. Зошто? Тој ја регулира вагиналната бактериска флора.