Кефир за здрава и убава кожа
Природниот кефир е природен извор на здравје и убавина, кој содржи повеќе корисни бактерии од јогуртот.
Кефир, ферментиран млечен пијалак со потекло од Кавказ , е најдобар природен извор на пробиотици за женското здравје и убавина, тврдат експертите.
Познат со векови, кефирот е популарен во многу европски земји и е меѓу најбараните супер храни, бидејќи е најсилниот природен пробитик, кој содржи уникатен коктел од пробиотик бактерии. Некои од овие бактерии, како Leuconostoc, Lactobacillus caucasus, Torula kefir и Saccharomyces kefir не може да се најдат во јогуртот.
Кефир е извор не само на убавина, но и на здравје – го зголемува имунитетот, го намалува шеќерот во крвта, влијае добро на гастроинтестинални заболувања, добар е за црниот дроб. Тој е новата супер храна која може да се консумира директно или во комбинација со друга здрава храна. Кефир е одлична основа за протеински шејкови.
Корисно е да се знае:
Една чаша кефир содржи 10% од препорачаната дневна доза на витамин А, 25% од витаминот D, 30% – од калциум и 8 грама масти. Кефирот исто така содржи фосфор, железо, магнезиум, манган, калиум.
Една чаша кефир содржи околу 10 грама протеини, вклучувајќи ги сите осум есенцијални аминокиселини, а 175 гр кефир обезбедуваат 20% од дневната доза калциум.
Маска со кефир за проширени пори
1 лажичка мед, 1 јајце, 3 лажички природен кефир. Промешајте ги состојките и нанесете на исчистено лице, нека стои околу 15 минути. Потоа измијте со млака вода и нанесете хидратантна крема.
Маска со кефир за сјајна кожа
Измешајте 50 гр природен кефир, 1 лажица мед, 1 лажица урда и сок од половина лимон. Треба да се добие крем. Исчистете го лицето со тоник и нанесете ја маската, избегнувајќи го пределот околу очите. Оставете да дејствува барем 15 мин. И исплакнете темелно со млака вода. Кожата ќе засвети.
Пилинг маска со кефир и морска сол
За оваа пилинг маска ви треба шише природен кефир (330 мл), околу 20 грама ситна морска сол. Измешајте ги добро двете состојки и со кружни движења нанесете на кожата на телото. Така ќе ги отстраните сите мртви клетки и кожата ќе заживее повторно.