Здравјето на вагината зависи во голема мера од здравата исхрана. Затоа е важно да се потенцира на корисните производи за вагината. Кои се тие?

Јаболка

Според истражувањата, жените кои јадат барем по едно јаболко на ден, имаат многу повисок степен на сексуална задоволеност. Нивната способност да добиваат оргазам побрзо е подобра во споредба со останатите жени. Ова се должи на корисните фитоестрогени во јаболката, кои го подобруваат здравјето на женскиот генитален и хормонски систем.

Јогурт и кефир

Јогуртот или кефир носат двојна порција придобивки за вагината. Тие се богати со лактобацили, така важни за балансот на вагиналната флора. Добрата микрофлора на вагината е од исклучително значење за заштитата од бактерии и инфекции. Покрај тоа, јогуртот и кефирот се многу богати со калциум, а тој ги потиснува симптомите на предменструален синдром.

Зелен чај

Во зелениот чај се наоѓаат материи наречени полифенолни катехини. Тие имаат својство да ја неутрализираат бактеријата ешерихија коли, способна да предизвика вагинални и уринарни инфекции.

Цели зрна и зеленчук

Тие се многу богати со растителни влакна. Ова помага за контрола на бактериската флора во вагината. Овие производи освен влакна содржат и пробиотици, кои се грижат за корисните бактерии како во вагината, така и во цревата. Затоа се смета дека еден од најдобрите начини да остане вагината здрава е да внимавате и на здравјето на дебелото црево.

Мрсни риби

Рибите со мрсно месо содржат големи количества омега-3 масни киселини и витамин D. Тие се многу корисни за целокупното здравје на вагината. Како дополнителен бонус ќе се радувате и на добра состојба на кардиоваскуларниот систем. Масните киселини ја подобруваат циркулацијата и ја подмладува и стегнува вагината.

Овошје

Жените кои консумираат повеќе овошје на ден имаат до 11% помал ризик да развијат миом на матката. Ова го покажуваат истражувањата на научниците од Универзитетот за медицина во Пенсилванија.