Рецепт за домашно подготвено масло за сончање, со кое ќе добиете одличен тен оваа лето
Маслата за сончање не се погодни за сите, тие имаат мал заштитен фактор или пак воопшто немаат. Но за оние кои се поотпорни на сонцето и сакаат да го добијат оној прекрасен бронзен тен, овој едноставен рецепт кој што се приготвува во домашни услови е одличен за да го искористите на плажите оваа лето.
Состојки:
– 2-3 моркови
– 7-9 млади ореви
– Етерично масло од лаванда
– Неколку цветови од невен по желба
– Маслиново масло
Во сад изрендајте ги морковите и исечкајте ги младите оревчиња и додадете етерично масло од лаванда или неколку листови од лаванда. Садот ќе биде наполнет до половина со горенаведените состојки а останатата половина наполнете ја со маслиново масло. Мешавината треба да одстои на сонце 20 до 30 дена. Секој ден потребно е малку да го протресете садот. Откако смесата ќе отстои, содржината процедете ја низ газа. Морковот е богат со бета-каротен и витамин А,се користи во сите препарати за сончање,поради тоа што ја обновува кожата и го успорува нејзиното стареење,спречува фотоосетливост и го забрзува потемнувањто ка кожата. Невенот и лавандата се исто така одлични за кожата и за намалување на целулитот.