10 навики кои се карактеристични за интелигентните луѓе
Дали сте попаметни отколку што мислите? Ако ги поседувате овие 10 навики или квалитети (или барем повеќето од нив), постои веројатност дека Вашиот коефициент на интелигенција е голем.
1.Интелигентните луѓе можат да останат смирени
Без разлика дали станува збор за жесток спор, за утринскиот метеж, или за одложување на средба во последен момент, интелигентните луѓе успеваат да останат смирени. Тие се нервираат многу поретко отколку луѓето со понизок IQ. Ова го покажува 22-годишно истражување на Универзитетот во Мичиген, во кое учество зеле 600 волонтери, деца и родители. Научниците сакале да проверат дали има врска помеѓу агресивното однесување и ниското ниво на интелигенција. Студијата докажала дека децата од рана возраст се учат да одговараат на гневот и агресијата со гнев и агресија. Растењето во таква средина всушност го попречува развојот на мозокот.
2.Интелигентните луѓе не се сметаат за подобри од останатите
Луѓето со низок IQ обично имаат погрешна претстава за сопствените таленти и способности. Тие мислат дека се подобри од другите и силно ги преувеличуваат своите вештини. Според едно истражување луѓето со низок IQ почесто се хомофоби и расисти, тие ги ставаат сите други под заеднички именител и никогаш не се ставаат на местото на другиот. Освен тоа луѓето со низок IQ почесто се обидуваат да ги оцрнат околните, за да ги истакнат своите лични квалитети и способности. Интелигентните луѓе многу добро ги знаат силните и слабите страни и не им треба туѓата несреќа за да успеат. Напротив, многу често интелигентните луѓе се повеќе склони да помагаат на другите.
3.Интелигентните луѓе ги признаваат грешките
Можете ли да ја преземе одговорноста за своите грешки? Тоа значи дека сте доста интелигентни, бидејќи луѓето со низок IQ обично не ги признаваат грешките и се обидуваат да обвинат некој друг за своите неуспеси. Родителите кои често ги казнувале своите деца за грешките и ги осудувале дури за најмалите престапи, се забележуваат повисоки нивоа на стрес, кои го менуваат мозокот и начинот на размислување – децата почнуваат да веруваат дека неуспехот е крај на светот и многу се плашат да не згрешат нешто. Интелигентните луѓе се одговорни и ги признаваат своите грешки. Тие знаат дека секој греши понекогаш и најважно е да се учи од грешките, наместо да се негира нивното постоење. Друга студија од Универзитетот во Мичиген покажува дека мозокот на најпаметните луѓе различно реагира на грешките во однос на оној на луѓето со низок IQ.
4. Интелигентните луѓе се сочувствителни
Луѓето со низок IQ често се интересираат само за сопствените чувства и не ги почитуваат потребите на другите. Додека интелигентните луѓе умеат да доживуваат емпатија, тие можат да се стават на местото на другиот и да ги разгледаат работите од неговата гледна точка. Емпатијата е многу важна за сите хармонични врски. Повеќе луѓе со низок IQ многу тешко го менуваат своето мислење и постојано се обидуваат да ги убедат другите дека тие се во право дури и кога станува збор за чувства и ситуации кои се многу субјективни. Покрај тоа, овие луѓе не можат да разберат дали соговорникот е попаметен од нив. Научниците од Техничкиот универзитет на Тексас докажале дека паметните луѓе полесно ги препознаваат чувствата на околината. Според нивното истражување интелигентните луѓе се повеќе склони да направат нешто добро за некого, без да очекуваат нешто за возврат. Тоа не значи дека интелигентните луѓе се согласуваат со сè, никогаш не се расправаат и не умеат да ја манифестираат својата позиција. Не, тие само знаат дека во многу случаи нема една вистина и можат да успеат во животот, ако пројавуваат симпатија, ако им помагаат на другите и ако ги земаат во предвид чувствата на околината. Логично е децата кои растат со студени и нечувствителни родители, да се претворат во возрасни, неспособни на сочувство. Сепак да растеш во дом во кој не добиваш топлина, поддршка и разбирање од своите родители, е страшно. Мозокот на таквите деца работи понапорно за да преживее. Децата почнуваат да ги потиснуваат своите чувства и тешко ги препознаваат оние на околните. Кога овие деца стануваат возрасни, тие не очекуваат луѓето околу нив да имаат силни чувства или не ги сметаат за важни. Сложната и опуштена семејна атмосфера му помага на мозокот да се развива, еве зошто интелигентните луѓе се повеќе внимателни.
5. Интелигентните луѓе се недоверливи и немирни
Интелигентните луѓе обично се загрижени почесто и потешко создаваат пријателства. Тие не веруваат лесно на луѓето. Освен тоа можат да замислат секакви можни сценарија за една ситуација, а тоа ги вклучува и најлошите. Освен тоа интелигентните луѓе се подобри лажговци, бидејќи добрата лага бара внимателно смислена стратегија. Психолозите го докажале тоа преку истражување во кое учествувале 15 илјади лица. Но и покрај горенаведеното, интелигентните луѓе всушност се многу добри пријатели. Еднаш штом изградат врска со некого, тие се многу лојални, а пријателствата им издржуваат многу подолго.
6. Интелигентните луѓе се расфрлани
Според изгледот на бирото може да се дознае степенот на интелигенција. Докажано е дека оние луѓе кои помалку внимаваат на уредност се покреативни, повеќе наклонети да пробаат нешто ново и се похрабри.
7. Интелигентните луѓе пцујат почесто
Повеќето интелигентни луѓе ретко се лутат, но кога тоа ќе се случи реакцијата им е доста живописна. Да, колку и да звучи чудно, научниците докажале дека интелигентните луѓе пцујат почесто. Но, разликата помеѓу нив и луѓето со низок IQ е дека на паметните му поминува нервозата преку една пцовка додека луѓето со низок IQ го доживуваат гневот подолго време.
8. Интелигентните луѓе се ноќни птици
Неколку студии покажале дека интелигентните луѓе често седат до подоцна од луѓето со понизок IQ. Учесниците во студијата кои имале IQ околу 75, си легнувале пред полноќ, додека луѓето со IQ околу 125 просек си легнувале половина час по полноќ. Во текот на викендот се забележувал истиот тренд. Сепак треба да се истакне дека учесниците во овие студии биле млади на околу 20 години. Значи, ако сте малку повозрасни, работите со полно работно време и вечер си легнувате пред полноќ – спијте мирно, тоа не значи дека не сте интелигентни.
9. Интелигентните луѓе се мрзливи
Тука важи поговорката “Научи мрзелив на работа, за да те научи на тактика”. Всушност, тоа не значи дека интелигентните луѓе се неамбициозни и вечно мрзливи за да направат што и да било. Не, тие само се покреативни и побрзи, кога прават нешто. Освен тоа на нив никогаш не им е досадно. Ако имаат слободно време, може да ги “фаќа мрза”, мислејќи за различни филозофски прашања (или едноставно да си измислуваат сценарија и дури фантастични светови), додека помалку интелигентните луѓе многу брзо се досадуваат, тие имаат потреба од надворешни стимуланси за да ги забавуваат, и затоа често сакаат да се зафатени со нешто, обично со физичка активност.
10. Интелигентните луѓе го користат копчето “snooze”
Кој не направил нешто слично? Ѕвони алармот, но едноставно не можете да станете, затоа го притискате копчето за да поспиете уште малку. Многу често има совети дека не треба тоа да се прави и дека е најдобро да се стане веднаш, но сепак истражувањата покажуваат дека не треба да се чувствуваме виновни за оваа навика. Според едно истражување интелигентните луѓе ги игнорираат алармите многу почесто.