Како да го исчистите восокот од Вашиот омилен свеќник?
Некои го ставаат свеќникот под млаз на топла вода, но ако остатокот од восокот е многу или е на дното на свеќникот, чистењето со топло може да биде комплицирана работа.
Пред да го фрлите свеќникот во ѓубре, пробајте го овој совет:
Ставете го свеќникот во замрзнувач, додека восокот не се стврдне добро. Потоа тргајте го восокот од површината на свеќникот внимателно. Можно е да останат траги, но нив може да ги измиете и со топла вода.