Иако шеќерот кој доаѓа од овошјето и зеленчукот не штетен, сепак добро е да се знае во која храна шеќерот воопшто не е присутен.

Еве кои се 10-те плодови во кои нема шеќер.

Марула

Во марулата нема да најдете шеќер, па спокојно може да користите големи количини во салатата. Колку и да јадете марула, нема да се одрази лошо на вашата половина. Марулата освен тоа го зголемува имунитетот, бидејќи е богата со манган, железо, витамини од групата Б, витамини А, Ц, D, Е и К. Ако Ви треба попрецизен податок – во 100 грама марула може да најдете 0,8 грама шеќер, што е 20 пати помалку од шеќерот содржан во некој колач.

Аспарагус

Аспарагусот се користи во многу култури за лекување на разни болести. Во аспарагусот има нула грама масти и речиси никаков шеќер. Аспарагус се богати со витамини А, Ц, Е, К, Б6 и минерали како што се железо, бакар. Нивната потрошувачка исто така го забрзува метаболизмот.

Брокула

Брокулите не содржат речиси никакви масти и шеќери. Треба да јадете повеќе брокула не само поради тоа што нема шеќер, но и поради присуството на многу корисни хранливи материи – витамини А, Ц, Д, Е, К, диететски влакна, калциум, железо, фосфор, цинк и калиум. Во брокулите се наоѓаат и едни од најсилните антиоксиданси.

Кељ

Кељ се приклучува кон листата со зеленчук без шеќер. Тој е исклучително корисен и богат со многу важни хранливи материи, поради што треба да му дадете шанса.

Зелка

Во зелката нема да најдете ниту масти ниту шеќери. За сметка на тоа зелката е богат извор на корисни хранливи материи – витамини А, Ц, Д, Е и К, калциум, железо, магнезиум, цинк и натриум.

Грејпфрут

Грејпфрутот е еден од најдобрите извори на витамин Ц. Може да консумирате големо количество од овој плод без да се грижиш за својата фигура, бидејќи во грејпфрутот нема масти и шеќер.

Авокадо

Авокадото е еден од најкорисните плодови, богато со корисни и потребни масти на телото. Во авокадото исто така има влакна, минерали како калциум и витамини Е, А, К, Б6 и В.

Папаја

Папата е егзотичен плод во кој има основни витамини, најмногу витамин А. Папата исто така содржи антиоксиданси кои го забавуваат стареењето. Иако има сладок вкус, папата не содржи шеќер.

Домати

Доматите се со ниска содржина на масти и речиси 0 грама шеќер. Доматите се одличен извор на витамин К, потребен за изградба и зајакнување на коските.

Цвекло

Цвеклото не содржи шеќер, но во него ќе најдете калиум, железо, влакна и антиоксиданси.