Фотографка ги претвори бебињата во мали Дизни принцези
За многу родители нивните ќерки се вистински мали принцези, но денес ќе ви презентираме шест новородени девојчиња кои навистина се претворени во принцези. Заслуга за тоа има фотографката Карен Мари. Таа самата е мајка на три деца и истовремено има свое фотографско ателје. Во последниот проект Карен успева да претвори шест новородени девојчиња во шест принцези – Ариел, Снежана, Аурора, Пепелашка, Бел и Јасмин.