Меки, вкусни и здрави палачинки со парчиња боровинки и арома на кокос.

Потребни состојки:

100 гр овесни трици
200 мл кокосово млеко
1 јајце
боровинки
прашок за пециво
цимет

Начин на приготвување:

Изблендирајте ги сите производи добро, боровинките додадете ги на крајот, за да останат покрупни парчиња од нив. Испечете ги палачинките на традиционален начин, по потреба намачкајте ја тавата со маслиново масло за готвење.

Принесете ги палачинките уште топли и гарнирајте по избор.