Домашен сапун од рузмарин
Домашниот сапун од рузмарин е совршен за нега на кожата, како и за спречување на предвременото стареење, а добар е и за лекување на воспалени зглобови и инфицирани рани.
Како да си направите сапун од рузмарин?
Кога правите сапун важно е да не заборавите дека е потребно да се придржувате до некои основни мерки на претпазливост. Во рецептот има сода бикарбона, а за да избегнете директен допира со кожата, како и вдишување на пареата, треба да носите ракавици и маска.
Потребни состојки:
2 чаши маслиново масло (473 грама)
1 чаша сушен рузмарин (важно е да бидете сигурни дека секоја билка која ќе ја ставите во вашиот домашен сапун е добро исушена) (150 грама)
3/4 чаша вода (150 милилитри)
1/4 чаша сода бикарбона (62 грама)
1 чаша чај од рузмарин (200 милилитри)
1 лажичка етерично масло од чајно дрво (15 грама)
пластичен сад
Подготовка:
Прво треба да го направите чајот. Ставете ја водата да зоврие и додадете лажица исушен рузмарин. Оставете да стои неколку минути, потоа отстранете го рузмаринот и оставете ја само течноста.
Вториот чекор е деликатен, но и едноставен. Ќе треба да ставите сода бикарбона во пластичниот сад. Запомнете дека треба да носите ракавици и маска, бидејќи овој производ е иритирачки.
Најдобро е да бидете на отворено (балкон, тераса или градина …) кога ракувате со сода бикарбона за да избегнете вдишување на парите.
Потоа ќе го додадете чајот од рузмарин. Додавајте го многу бавно, за да се заштитите од прскање. Имајте во предвид дека при мешањето на овие две состојки исто така ќе се формира пареа.
Оставете ја смесата да се излади околу 15 минути. Смесата треба да биде ладна, за да може малку по малку да ги додавате останатите состојки.
На крај треба да ги додадете двете чаши маслиново масло. Тоа треба да биде загреано. Турајте го многу бавно, така ќе продолжите да ги почитувате упатствата за безбедност.
Оставете повторно да се излади. По што ќе го додадете и етеричното масло од чајно дрво.
Запомнете, секогаш оставајте ја смесата да се излади, за да може етеричните масла да ги задржат сите корисни својства.
За да го забрзате процесот и да добиете хомогена смеса, ќе треба да мешате со миксер на бавна брзина. Ставете го во центарот на садот и не правете ништо повеќе. Оставете внимателно да се измешаат состојките.
Штом забележите дека состојките се згуснуваат како мајонез, додадете го преостанатиот исушен рузмарин.
И конечно само треба да ја истурите добиената смеса во калапи за сапун.
Оставете сапунот да отстои шест недели пред да го користите. Штом сапун е подготвен, можете мирно да го користите во секојдневниот ритуал за разубавување.
Важно: НИКОГАШ не го користете овој сапун за интимните зони!