12 Лоши навики кои не прават да изгледаме постари
Невозможно е да изгледате млади цел живот, но сепак можете да го одложите времето, чии траги се гледаат на лицето. Не дозволувајте овие 12 грешки кои ги правиме секојдневно, да бидат пречка до убавината.
Да не сте премногу слаби
Големиот недостиг на масни наслаги на лицето, ќе Ве направи да изгледате постари, бледи и без живот.
Престанете да ги триете очите
Триење и честото допирање на очите предизвикуваат подуваност и темни кругови околу нив.
Спијте попладне
Кожата има способност да се регенерира во текот на ноќта. Попладневната дремка секогаш влијае одлично и врз мозокот и врз кожата на лицето.
Не спијте само на една страна
Спиењето на една страна можеби Ви е удобно но е штетно за Вашата кожа. Притискањето на истата страна на лицето по 8 часа може да доведе до повеќе брчки на таа страна.
Не користете секаков крем против брчки
На пазарот постојат многу производи со состојки против стареење, но тие најчесто не се застапени во доволен процент во кремата или млекото за чистење лице. Затоа, ваквите креми можат негативно да влијаат на лицето, бидејќи ја немаат потребната концентрација.
Избегнувајте го стресот
Кортизол, главниот хормон на стресот, го уништува колагенот, што пак води до бледа кожа, брчки и предизвикува воспаление.
Не се потпирајте на кремите за сончање
Иако има козметики кои штитат од штетните ултравиолетови зраци, тие не ги блокираат зраците кога се судираат со кожата. УВ зраците предизвикуваат темни точки на лицето и ги зголемуваат порите.
Не се фокусирајте само на брчките
Брчките не се единствениот доказ дека кожата старее. Ако имате, не значи дека кожата ви е стара или дека сте почнале да стареете. Темните дамки на лицето и пигментацијата се уште еден знак за тоа каква е Вашата кожа.
Не ги игнорирајте вратот и рацете
Вратот и рацете многу ретко добиваат потребната грижа и внимание. Во едно истражување во кое учествувале жени од различни возрасти, се покажало дека оние кои имаат брчки и темни дамки на рацете, се постари од оние кои имаат брчки на лицето.
Не ги заборавајте очилата за сонце
Повторливите движења како смеење, мижење и намуртеност влијаат долгорочно на лицето. Изложувањето на сонце го уништува колагенот на кожата околу очите.
Не користете премногу често сапун
Сапуните често содржат тешки препарати кои многу лошо влијаат на кожата. Сувата кожа е непривлечна и груба и на неа полесно се забележуваат брчките и сите нејзини недостатоци.