Овен

Нивото на компромис што сте подготвени да го направите, се повеќе се зголемува. Внимавајте да не дојдете во директен конфликт со колеги или познаници. Тоа нема да доведе до ништо добро. Дури и најпознатите долгорочни врски може одеднаш да завршат.

Бик

Денес опасностите за конфликт ќе демнат околу Вас. Тешко ќе дејствувате по проекти. Ќе мора да вложите многу напор, а успехот не е невозможен. Луѓето на кои ќе се потпрете, може да Ве фрустрираат. Тоа се колеги, роднини, асистенти или соседи.

Близнаци

Навиката сè околу Вас да се случува брзо и лесно може да се одрази на Вашата емоционална подготовка за средба со неуспехот. Многу од внатрешните чувства ќе бидат нелогични. Ќе се плашите од одговорност и од зависност истовремено.

Рак

Денес ќе Ви биде тешко да го победите одобрувањето на околните. Во моментов чувствата Ви се повредени и негативна енергија се емитува од Вас. Обидете се да го надминете негативизмот пред да Ви наштети. Избегнувајте опседнати идеи, а насочете го вниманието кон пријатни работи.

Лав

Спонтаните емоции и скриените желби ќе се катализатор на секоја Ваша акција. Вашето спокојство може да биде погодено само од нестабилна семејна атмосфера или страв. Не преземајте акција предизвикана од бес, лутина, злоба или завист. Обидете се да најдете душевен мир.

Девица

Насочете го вишокот енергија во вистинската насока. Слободно можете да работите на старите грешки. Денот е погоден да извадите поука. Сепак дејствувајте по познати патишта – денес не е препорачливо да си правите какви и да експерименти.

Вага

Иако имате репутација на перфектни дипломати, денес нема да бидете во можност да правите какви и да е компромиси. Ќе бидете подготвени да ризикувате речиси сè – дури и Вашето здравје. Финализирање на важен проект ќе бара 100% од Вашата енергија и време.

Шкорпија

Ситуацијата на многу од Вас е прилично сложена, најмногу поради зависноста од Вашите партнери. Може да бидете заведени од доверлив човек како роднина, учител или сонародник. Не брзајте да им судите на околните, туку побарајте ја вината прво во себе.

Стрелец

Денес ќе треба да се справувате со значителни психички оптоварувања. Бидете подготвени да ја заштитите сопствената територија или убедување. Можно е да настане конфликт на работното место. Денес е препорачливо да си верувате само на себе.

Јарец

Денот ќе биде тежок, ако се уште не сте го направиле изборот. Ќе ги откриете своите слабости пред непријателите: во најлош случај ќе бидете изманипулирани и подложени на психолошки притисок. Изберете со кого ќе се здружите и ќе започнете војна.

Водолија

Ќе треба да ги паузирате проектите за некое време. Слободата ќе биде спречена поради семејни обврски. Внимателно испланирајте го денот и сè ќе се среди. Емоционалниот стрес може да има негативно влијание врз севкупната физичка благосостојба.

Риби

Сите настани денес ќе личат на опасна игра. Во првиот момент може да Ви се стори дека сè е во ред, но потоа ситуацијата радикално ќе се промени. Во личниот живот ќе сте полни со страсти и чувствителност. Можете дури и да дојдете до сцени на љубомора.