Темата за абортус се почесто се среќава со позитивни и негативни критики. Во САД оваа тема се повеќе е оспорувана, слична е состојбата и на Европскиот Континент. За разлика од нив, во Индија годишно се уништуваат 5 милиони феуси. Овие одлуки не се оспорени од индиските власти, напротив постои едно убедување кое е поделено врз основа на родот на зачнатиот плод. Имено, тоа претставува еден вид родова дискриминација, со тоа што се повеќе абортуси се извршуваат на жени кои носат женско бебе.

 

Иако во 1994 година беа забранети овие селективни абортуси, од 2002 година овие закони не се применуваат. Во Индија да се има ќерка, значи да се носи економски товар, за разлика од тоа да се има син. Од женските деца се очекува тие да однесат мираз и чеиз во куќата каде ќе се омажат, за разлика од нив синовите не прават такви трошоци.

 

Овие селективни абортуси доведе до појава на дефицит во женската популација во Индија. Во 2001 година односот на родени женски деца, наспрема машки бил 93/100, во последниве години односот е 89/100. Во меѓувреме растат и стравичните податоци за тоа колку млади жени се вклучени во нелегални трговии, служејќи им на богатите само за да си ги обезбедат основните трошоци и да не бидат на товар на семејството.

 

Најголеми виновници во донесувањето на одлуки за селективни абортуси се докторите кои се изјаснуваат за полот. Иако во Индија е незаконски да се окрие полот на неродено бебе. Паровите плаќаат на одредени доктори да добијат информација за полот на нивното бебе. Активистите и поборниците за правата на жените сметаат дека докторите се потплатени, на тој начин единствена мерка да се спречи ова масовно спречување на бременоста е да се спроведат законски норми кои ќе ги гонат докторите кои примаат мито.

 

Досега Владата на Индија спроведе неколку кампањи против овие селективни абортуси, а отворена е и телефонска линија на која може да се пријави случај на таков абортус.

 

Оваа ужасна пракса сеуште се применува, и покрај постоечките санкции. Абортусот за нив нема никакво значение, иако многумина ќе се сложат дека тоа е само начин на прекинување на бременоста и отстранување на плодот. За несаканите последици по жената нема потреба да се дополнува, со оглед дека годишно во светот умираат по 47000 жени, од компликации кои биле предизвикани од абортус.

 

Приказ за состојбата во случаи на небезбеден абортус извршени над 1000 жени на возраст од 15 до 44 години, од 2008 година досега