Адвокат за развод ви дава совети како да не станете негов клиент
„Успешен брак навистина ве прави среќни“, вели психологот од Харвард, д-р Даниел Гилберт. Тој вели дека венчаните луѓе се посреќни од оние кои не се во брак, затоа што најдобар индикатор за човечката среќа е квалитетот на нивните социјални односи. Сепак да имате успешен и среќен брак не е толку лесно, тоа бара многу работа, посветеност и искрена љубов.
Ние собравме неколку совети од експерти за развод кои покажуваат како да го одржите или претворите вашиот брак во среќен и успешен.
Не ги игнорирајте „малите“ проблеми.
Колку и да изгледаат малечки на почетокот, проблемите се собираат и можат да ги направат идните расправии уште полоши. Адвокатот за развод Џејмс Секстон вели дека бракот е жив организам. Сите мора да бидеме одговорни и да не дозволуваме незадоволството да се гради затоа што не сме подготвени да се соочиме со проблемите.
Мали несебични дела се најважните работи што можете да ги направите во врската.
„Малите нешта“ и деталите во вашата врска никогаш не треба да се игнорираат или забораваат. Ако сакате да подготвувате кафе за сопругата наутро, не престанувајте да го правите тоа. Ако сакате да го изненадите партнерот со мал подарок или омилената закуска еднаш неделно – продолжете да го правите тоа. Тоа важи за сите мали гестови во вашиот брак, бидејќи малите нешта се важни и понекогаш можат да бидат доволни да му го разубават денот на вашиот партнер.
Давајте комплименти кога сте покрај други луѓе.
Комплиментите не треба да се чуваат само за приватни моменти, во некои случаи, на луѓето не им пречи да бидат пофалени пред други луѓе, пријатели или членови на семејството.
Луѓето сакаат да бидат сакани поинаку од вас и треба да се прилагодите на тоа.
Може да сметате дека некои работи се романтични, а вашиот партнер мисли дека други работи се поромантични. Само затоа што мислите дека розите се совршен цвет кој покажува љубов, тоа не значи дека вашата сопруга верува во истото. Треба да знаете што сакаат, што сметаат за романтично, и треба да се прилагодите на тоа за да можете да им ја дадете заслужената љубов.
Немојте да мислите дека само затоа што имате брачен другар можете да се опуштите.
Само затоа што сте заедно со години не значи дека треба да престанете да се грижите за тоа како изгледате. Постои голема можност вашата сопруга да ве сака онаков како што сте, но ако покажете дека сепак сакате да изгледате добро и да се облекувате убаво, тоа е добро за вашиот брак.
Ако не сте најдобри пријатели – не го правите тоа правилно.
Бракот не е само правен договор, тој мора да биде и повеќе од само љубовна врска, треба да биде и пријателство, бидејќи, според истражувачот за развод, д-р Џон Готман, искреното пријателство е основа за среќен брак. Според него, среќните парови треба да се почитуваат едни со други и да уживаат во времето поминато заедно.