Адвокат завршил во затвор откако изјавил дека е „национална должност“ да се силуваат жените во скинати фармерки
Адвокатот од Египет, Набих Ал-Вахш кој неодамна изјавил дека „национална должност на секој маж е да ги силуваат жените во скинати фармерки“ во една ТВ емисија, добил затворска казна од три години. Обвинителството го обвини адвокатот за „јавно поттикнување за прекршување за законот“ и „ширење со злобни извештаи и изјави со цел да се наруши јавниот ред … и да му наштети на јавниот интерес“.
Набих бил осуден во отсуство бидејќи не се појавил на сослушувањето откако бил ослободен со кауција. По неговите коментари кон крајот на октомври, највисокото тело за женски права на Египет го обвини адвокатот за „промовирање на сексуалното вознемирување“. Нада Драз од државниот Национален совет за жени, исто така, изјавила дека коментарите „експлицитно го промовираат силувањето“.
Скинатите фармерки беа во срцето на контроверзноста во последниве месеци за нивната пристојност, при што некои универзитетски колеџи им забрануваа на студентите да ги носат на кампусот. Ова не било прв пат Набих да се однесува непристојно на телевизија. Минатата година тој се појавил на дебатна емисија со Имам од Австралија, кој тврдел дека носењето на хиџаб е избор, а не религиозен услов за муслиманските жени. Ова го налутило Набих и тој го извадил чевелот и го удрил соговорникот во главата.