Афроамериканка била шокирана кога родила бело бебе, со сини очи и црвена коса
Пејшнс Чандо, по потекло од Зимбабве, родила прекрасно бело бебе со сини очи. Таа првин мислела дека кожата на нејзината ќеркичка ќе стане потемна како кај останатите две нејзини деца. Но, малата Андреа се уште има блед тен и црвена коса. Пејшнс вели дека и е чудно да излезе на прошетка со бебето затоа што луѓето постојано и поставуваат чудни прашања.
Таткото на Андреа е од Германија и тој е бел, но сепак е ретко бебето да се роди со толку светол тен кога родителите се од различна раса. Лекарите и кажале на Пејшнс дека тоа навјеројатно се случило затоа што таа имала некои потомци од Европа и сега тој ген се активирал.
Пејшнс вели дека нејзините пријатели се шегуваат со неа дека најверојатно го „украла“ бебето и мајката еден ден ќе дојде да си го побара. Андреа е прекрасно и весело бебенце кое што како што вели нејзината мајка успеало да ги „шокира и шармира“ луѓето околу себе.